Monday , August 20 2018
Home / Latest Articles / Анонимниот нарачател на овој уникатен McLaren 570S Spider ќе има најсреќна девојка на Свети Валентин

Анонимниот нарачател на овој уникатен McLaren 570S Spider ќе има најсреќна девојка на Свети Валентин

Анонимниот нарачател на овој уникатен McLaren 570S Spider ќе има најсреќна девојка на Свети Валентин.

Многу романтичен анонимен муштерија го нарачал овој уникатен McLaren 570S Spider да биде готов за Свети Валентин.

Покрај тоа што е офарбан во Вермилион црвена боја, која што е дел од елитната палета на McLaren, овој кабриолет има црвен интериер и специјални ‘Color Edition’ Pirelli P Zero пневматици. Сите детали на овој автомобил се во знакот на љубовта и црвената боја.

Што се однесува до агрегатот, и овој уникатен модел е придвижуван од 3.8-литарскиот твин-турбо V8 мотор со моќност од 562 коњски сили. Спринтот од 0 до 100 километри на час може да го направи за само 3.2 секунди, а до 200 за 9.6 секунди. Максималната брзина е 328 километри на час, што го прави навистина романтичен.

Check Also

WRC Германија: Танак во водство, Ожие засега без одговор (ВИДЕО)

После победата на Рели Финска, От Танак продолжи со водство и на првите брзински испити …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *