Monday , June 18 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / Батон во Super GT позади воланот на Honda во 2018: „Конечно ќе бидам дел од возбудлив шампионат“

Батон во Super GT позади воланот на Honda во 2018: „Конечно ќе бидам дел од возбудлив шампионат“

Ф1 шампионот од 2009 Џенсон Батон ќе се натпреварува во јапонската Super GT серија следната година, после официјалното потпишување на договор со Honda

И претходно Батон најави намери за целосно враќање во моторспортот во 2018 година, но му требаше време да се одлучи дали ќе се трка во Јапонија или Америка. Англичанецот учествуваше во Super GT серијата на трката 1000км Сузука во август, а следната година ќе настапи со цела сезона, која започнува на 7 и 8 април во Окајама.

„Можам да најавам дека ќе се тркам за Honda во Super GT во 2018. После една година отсуство од Формула 1 повторно ми се врати желбата за тркање. Ова беше мојот сон во последните неколку години бидејќи имам посебна страст за оваа категорија. Возев еднаш на Сузука оваа година и со цело срце изјавувам дека е доста возбудливо.

Многу сум возбуден за новата сезона. Има многу тестови да се направат за да можам да се чувствувам опуштено и секако, за следната година да бидам компетитивен. Во Supr GT серијата има многу талентирани возачи, но и огромна борба помеѓу призводителите. Драги мои, е тоа е возбудливо… тоа е натпреварување!“ – изјави Батон.

Honda е еден од тројцата производители во Super GT покрај Nissan и Lexus, но и петте тимови со по еден автомобил што ќе се појават на гридот.

Check Also

MotoGP Барселона: Повторна доминација на Лоренцо, Маркез и Роси без решение

Хорхе Лоренцо извојува уште една значајна победа по ред на патеката Каталуња во Барселона, тргнувајќи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *