Monday , August 20 2018
Home / Latest Articles / Божидар Јаблан после Ловќен: „Ние живееме за трката на Ловќен“

Божидар Јаблан после Ловќен: „Ние живееме за трката на Ловќен“

Доста познат во тркачките кругови, црногорскиот возач Божидар Јаблан некогаш возеше поактивно. Сега вози само некои одбрани трки за кои вели дека вреди да се живее. Една од нив е Ловќен.

Тој се појави позади воланот на автомобилот на Владимир Буриќ Golf Mk2 во класата Хоби до 2000 кубни сантиметри. Јаблан не само што се качи на скратениот Ловќен,  туку и машки ја извози патеката поставувајќи време од 5:40.494 што е доста брзо, а со тоа се пласираше како шести во генерален пласман и прв во својата класа.

„Трката беше идеална. На саботните тренинзи времето беше катастрофално, па затоа не можевме да направиме добар тренинг, a овде и тоа како потребен. Како и да е, сите сме задоволни, бидејќи ние живееме за Ловќен. Овде е најважно да излезете на целта, затоа што оваа патека е една од најопасните за кои сум слушнал. Сите сме живи и здрави, а тоа е најважно. Резултатите секако дека се важни, но најважно е да се излезе на Ловќен и да се покаже храбост. Организацијата беше задоволителна, бидејќи човек не може против природата, па затоа се надевам дека следната година ќе не послужи времето.“ – изјави Јаблан за БрзКруг.

Не знаеме кои се неговите планови, но вистинско доживување е да се гледа овој човек и неговата умешност зад воланот на ридска патека…

Check Also

WRC Германија: Танак во водство, Ожие засега без одговор (ВИДЕО)

После победата на Рели Финска, От Танак продолжи со водство и на првите брзински испити …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *