Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Бранко Кипровски овој викенд во Британскиот Ford Focus куп

Бранко Кипровски овој викенд во Британскиот Ford Focus куп

Македонскиот автомобилист Бранко Кипровски овој викенд ќе има деби настап во Британскиот Ford Focus куп, додека целта е Британскиот туринг шампионат, каде шампионот од овој куп ќе има прилика да тестира BTCC автомобил

Полека но сигурно, Кипровски ја остварува својата цел. Не е лесно да се дојде до спонзори, а тоа е единствен начин да учествувате на посериозни натпреварувања. Тој од неодмана заедно со своето семејство се пресели во Велика Британија, а од самиот старт започна да дава се од себе за да ја постигне својата животна цел. Тој е доста често во контакт со редакцијата на БрзКруг, поточно со мене како новинар и познавач на тркањето, разглобувајќи различни пристапи за потигнување на неговата цел.

Редовни тешки физички тренинзи, целосно посветување, вистински пристап и искрени разговори се само дел од постигнувањето на целта. Но конечно, се случи долгоочекуваното деби, а тоа ќе биде овој викенд на патеката Крофт во Велика Британија.

Шампионот на ридски патеки од 2011 и 2013 овој викенд ќе започне да го живее својот сон, а како што изјави, поддршката од неговата сопруга и двете керки е единственото нешто што му дава елан да не се откаже од неговиот сон.

„Во Македонија не успеав да најдам начин да го покажам мојот потенцијал. Големите компании едноставно се слепи за овој спорт. И покрај огромната поддршка од Ненад Николовски, кој за жал веќе не е меѓу нас, кој целосно веруваше во мене, на кого му должам се што сум постигнал досега во мојата кариера, не успеав да најдам начин да ја претставувам достојно мојата држава во Европски рамки како што доликува.

После доаѓањето овде во 2017 година, веднаш започнав со акција. Цела таа моја пожртвуваност дури оваа година роди плод, со тоа што овој викенд официјално настапувам во Ford Focus купот, каде сите автомобили се исти, а шампионот ќе има прилика да тестира автомобил од популарниот Британски шампионат на туристички автомобили, кој претставува една од најквалитетните форми на тркање на планетава. Пробав доста варијанти во овие две години, но едноставно трошоците беа преголеми, а спонзори премалку.

Конечно дојдов до спонзор, а тоа е компанијата Belux LTD од Лондон. Како главен спонзор тие застанаа позади мене, а со поддршка на АКК Поспорт и АКК Скопје, математички постојат шанси да дојдам до шампионската титула бидејќи од 10 трки, остануваат уште шест трки до крајот на сезоната. Буџетот за оваа сезона е обезбеден, затоа можам да кажам дека можам да се фокусирам целосно на возењето.

Шампионот на Србија во автомобилзам Рале Вукосављевиќ е мој близок соработник, а исто така сакам да им се заблагодарам на сите кои се најдоа кога ми беа најпотребни, бидејќи без нивната поддршка се ова не ќе беше возможно.“ – изјави Кипровски.

Денес, петок, се возат четири слободни тренинзи, додека во сабота се возат квалификации и трка. Познавајќи го Кипровски доста добро, како и неговата силна желба и пожртвуваност, очекувам добар резултат, а исто така му ја посакувам целата среќа што постои бидејќи заслужува да постигне квалитетен резултат и висок пласман.

За БрзКруг, Владимир Анастасовски

Check Also

TCR Европа: Голема победа за Андреас Бекмен на Ошерслебен

Шведскиот возач Андреас Бекмен дојде до голема победа, прва во неговата кариера во ова натпреварување, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *