Friday , December 4 2020
Home / Latest Articles / Бранко Кипровски ќе биде првиот Македонски возач во престижниот Британски туринг шампионат

Бранко Кипровски ќе биде првиот Македонски возач во престижниот Британски туринг шампионат

Денес беше одржана прес конференција од страна на Македонскиот возач Бранко Кипровски кој најави доста интересни настапи во периодот кој следува.

Кипровски допатува од Лондон од неговото ново место на живеење, како би одржал прес конференција за неговите идни планови во областа на автомобилизмот.

Тој ги најави неговите планови, а сите овие планови целат кон една и единствена цел која е зацртана во неговата глава, а тоа е настапување во престижниот Британски шампионат на туристички автомобили кој важи за едно од трите најдобри форми на тркање во светот.

На 31.08.2020 Кипровски склучува договор со најпознатата менаџерска компанија Purple Dot предводена од трофејниот ас Тим Сагден, кој исто така е тренер на највисоко ниво во авто спортот на светски рамки, а во неговата работа се опфатени сите видови на тренинзи: физички, психички и технички.

Веднаш по склучувањето на договорот менаџерот Сагден прави план за постигнување на целта, настап во Британскиот туринг шампионат кој е највисоко рангиран туринг шампионат во светот, со телевизиска покриеност во живо на Британската телевизија ИТВ4 со рекордна посетеност на патеките со преку 300.000 гледачи секоја сезона.

Исто така Purple Dot и Тим Сагден обезбедуваат договор за соработка помеѓу Кипровски и БТЦЦ тимот Exceler8 предводен од Џастин Вилијамс кои се повеќекратни шампиони и се континуирано во топ 10 на секоја трка до денес.

Кипровски во тимот на Exceler8 ќе биде задолжен за развивање на автомобилите на Британскиот туринг шампионат во следните две години 2021 и 2022 година, како и возач во истиот тим во Mini Challenge купот кој се одржува во ист викенд со Британскиот туринг шампионат, со подеднаква телевизиска покриеност како вистинска платформа за промовирање на Република Македонија, брендови и потенцијални партнери и спонзори.

Ова е четири годишен план во кој Кипровски целосно ќе се запознае со БТЦЦ автомобилот низ тестирања во 2021 и 2022 година, а во меѓувреме со настапите во Mini Challenge купот планот е да се привлечат соработки со партнери и спонзори со кои заедно ќе настапат во Британскиот туринг шампионат во 2023 со одреден број на трки, додека во 2024 со цела сезона.

Со овој план Кипровски станува прв Македонец и воопшто прв возач од Источна Европа кој професионално соработува и настапува со БТЦЦ тим. Во овој момент Кипровски има отворени понуди со повеќе брендови од Велика Британија и очекува реакција и од потенцијални Македонски партнери.

Освен овој ангажман, Кипровски најавува и настап во ЦЕЗ шампионатот во 2021 со автомобил подготвен во Македонија.

Check Also

BTCC: Со победата на втората трка, Сатон се поблиску до титулата оваа година

Еш Сатон го зголеми водството во генерален пласман во Британскиот туринг шампионат и се наоѓа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *