Saturday , December 7 2019
Home / Latest Articles / БрзКруг директно од Ловќен: Ачимиќ со рекорд на патеката!

БрзКруг директно од Ловќен: Ачимиќ со рекорд на патеката!

Овој викенд на патеката Ловќен над Цетиње се одржа третата трка од Црногорскиот шампионат во автомобилизам на ридски патеки

Директно од Ловќен за БрзКруг: Владимир Анастасовски

Како претставник од БрзКруг присуствував на легедарниот Ловќен (8.155м) каде настапија 40-тина возачи во различни класи. Во саботата беше одржан еден тренинг од закажаните два, при што организаторот мораше да го откаже вториот тренинг поради технички причини кои беа решени на денот за трка, недела.

Во саботата имавме неколку откажувања и едно сериозно излетување на Марко Бурзановиќ со неговиот автомобил Peugeot 306 SP, после кое беше тотално уништен. Бурзановиќ од автомобилот излезе неповреден, а причината беше проблем со електрониката која не дозволи тој да помине течно низ еден од свиоците на „Камено Море“ при крајот на патеката.

Во неделата бевме сведоци на сериозно добро возење и голема борба за највисока позиција. Спектакуларното возење на Јован Ачимиќ и неговиот болид, резултираше со рекорд на патеката, со време од 5:00.448.

Втор во генерален пласман беше секогаш брзиот Немања Кашчелан позади волан на Honda Civic Е1-1600, кој ја извози патеката за неверојатни 5:20.614. Трет во генерален пласман пристигна повеќекратниот рекордер на ридските патеки низ балканот, Василије Јакшиќ со време од 5:26.059 кој воедно беше и победник во групата N-2000 во која настапија пет натпреварувачи, а се качи пред Марко Тујковиќ за неполни осум десетинки, и покрај проблемите со недостаток на гориво на неколку леви свиоци до целта.

Петти во генерален пласман беше Лука Шпадијер, пред Мирко Вујачиќ, Никола Асановиќ, Марко Даниловиќ, Златко Дубрета и Тихомир Ачимиќ кој ги заокружи топ 10-те. Во неделата бевме сведоци на уште едно опасно излетување и уништување на автомобил на Рајо Радојичиќ, кој излезе исто така неповреден.

За помошта на БрзКруг на трката и оваа година, како претставник ја примив благодарницата од организаторот Петар Михаљевиќ, а соработката ќе биде уште поголема и подетална следната година! Следната трка ќе се одржи на патеката Пљевља, во средината на август.

Фото: brzkrug.com

Check Also

WRC: И покрај новите три посади во Toyota, Латвала останува во тимот

Финскиот возач Јари Мати Латвала не успеа да го задржи своето седиште во Јапонскиот тим …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *