Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / БрзКруг на ридска трка Цазин, јубилеј – 20 години

БрзКруг на ридска трка Цазин, јубилеј – 20 години

Турнејата низ Балканските трки, редакцијата на БрзКруг ја продолжи на ридската трка Цазин – Крајишка Змија…

Од Цазин за БрзКруг, Владимир Анастасовски

Исто како и минатата година како претставник од БрзКруг, бев крајно импресиониран од пречекот на домаќините и целата организација на трката од авто мото клубот Екстра Спорт од Цазин. Оваа година Great Prix Cazin славеше јубилеј, 20 години од првата организирана трка.

На 20тото издание беа присутни речиси 90 автомобили и возачи од 7 различни земји, БиХ, Хрватска, Австрија, Словенија, Унгарија, Словачка и Црна Гора,за разлика од ланската бројка од близу 120 возачи. Сепак, големиот број на квалитетни тркачки автомобили ја засенија бројката, бидејќи кој би сакал само квантитет, без квалитет нели…

Прекрасната природа и перфектните временски услови им овозможија на возачите крајно позитивна енергија и можности за поставување на квалитетни времиња. Како и минатата година, победа во генерален пласман славеше Унгарскиот возач Ласло Сас (Formula F3000), кој вози со Хрватска лиценца.

На втората позиција на подиумот се искачи Домагој Перековиќ (Mitsubishi Lancer), додека трет беше Дејан Димитријевиќ во Seat Leon.

Позади нив до десеттата позиција се наредија: Марио Јуришиќ, Петар Амбруз, Денис Нишевиќ, Василије Јакшиќ, Салих Љубијанкиќ, Саша Радола и Јурица Мајиќ.

Целосните резултати можете да ги погледнете на овој линк: http://amk-extrasport.com/rezultati.html

Погледнете ги и овие неколку видеа од акцијата на “Крајишка Змија”, а следи и галерија фотографии…

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *