Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / Бузет 2018: Моментот на вистината дојде, викендов стартува финалето на Европското првенство на ридски патеки

Бузет 2018: Моментот на вистината дојде, викендов стартува финалето на Европското првенство на ридски патеки

Овој викенд во Бузет во срцето на незаменливата Истра во Хрватска, по 37ми пат стартува финалната трка од Европското првенство на ридски патеки, а БрзКруг и овој пат ќе ве известува од местото на настанот.

Трката на Бузет е позната по перфектната организација која градот Бузет ја пружа на возачите и публиката, која воедно претставува вистински автомобилски спектакл во цела Европа, на 5001 метарската патека.

Следен импресивен податок се 230-те пријави на возачи, во определениот рок кој заврши пред некој ден. 230 возачи, два тренинзи и две трки, тоа се 920 проаѓања за публиката во текот на викендот.

На Бузет секоја година присуствуваат повеќе од 20.000 гледачи, а организаторите и за нив, како и секоја година и во ова издание обезбедија автобуски превоз кој ќе ги разнесува низ патеката во текот на целиот викенд.

Интересен податок е дека оваа година доаѓа кралот на Европските патеки Симоне Фаџиоли, кој ако условите на патеката се добри ќе се пушти во напад на рекордот на патеката кој минатата година го постави Кристијан Мерли во прототип Osella FA 30 со време од 2:04.100

230-те возачи доаѓаат од 12 Европски земји и тоа: Хрватска, словенија, Чешка, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Унгарија, Црна Гора, Полска и Словачка. Исто така, помеѓу овие возачи пријавени се 21 формули и прототипови, за кои оваа патека е специјално подготвена со пониски банкини поради безбедност.

Распоред на викендот:

Петок:

09:30 – Технички преглед и верификација
17:30 – 19:00 – Парада на учесниците и нивните автомобили на плоштад Фонтана

Сабота:

09:30 – Почеток на тренинг возењата

Недела:

09:00 – Почеток на прво возење

Check Also

WTCR Вухан: Верне победник од старт до цел во првата трка

Францускиот возач Жан-Карл Верне успеа да извојува сигурна победа од старт до цел, откако ја …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *