Thursday , November 23 2017
Home / Latest Articles / Викендов масовен протест на Водно од здружението на автомобилисти и авто клубови

Викендов масовен протест на Водно од здружението на автомобилисти и авто клубови

Огромното незадоволство поради работата на Автомобилската Федерација на Македонија АФМ заедно со нејзините челници ќе биде покажано со мирен протест на Водно, поточно на „Видиковец“.

Ако се сеќавате во изминативе години имавме чисто апстинирање од одржување на трки, а тоа е нешто што го донесе македонскиот автомобилизам до просјачко ниво, ако можеме така да го наречеме тоа ниво. Очигледно до сега работите не можеа да се решаваат на едноставен начин, па затоа ќе мораат да се решат на малку покомплициран начин. Но прочитајте го известувањето и поддржете ако барем малку ви фали автомобилизмот и се тоа што тој спорт носи со него.

Оваа информација ја потврди и самото здружение кое испрати соопштение до јавноста, но и до надлежните органи со што го најави овој мирен протест.

„Поради незадоволство на мнозинството македонски авто клубови и љубители на авто спортот во Македонија од моменталното раководство на Автомобилистичката федерација ма Македонија, своето уставно граѓанско право, а согласно законите на РМ, ќе го искажеме својот ревот преку миран граѓански собир:

-на ден 19.08.2017 (сабота) во времетраење од 11.00 до 13.00 и
-на ден 20.08.2017 (недела) во времетраење од 11.00 до 13.00 часот

со блокирање на сообраќајот на главната улица пред паркингот на видиковец на Водно.

Сето ова го правиме со цел промена на комплетното раководство на АФМ, кое седма година по ред тотално го уништи авто спортот во Македонија, со цел како би можело повторно во Македонија да се одржуваат шампионатот во автомобилизам на кружни и ридски патеки.

На собирот очекуваме околу 100 возила и 300 граѓани поддржувачи на авто спортот, а истиот ќе биде обезбеден од наша страна, пишува во соопштението здружението на авто клубовите и возачите“ се вели во соопштението на Здружението на автомобилисти и авто клубови на нашата земја.

Check Also

McLaren 720S GT3 пристигнува во 2019

Репутацијата која ја поседува McLaren како неверојатно моќен супер автомобил кој може да се справи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *