Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / Викендов на програмата е едното и единствено Рели Шоу Санта Доменика – Загреб!

Викендов на програмата е едното и единствено Рели Шоу Санта Доменика – Загреб!

Овој викенд во Света Недеља близу Загреб, ќе се одржи деветтото издание на традиционалното Рели Шоу Санта Доменика, на кое секако дека ќе бидеме присутни како новинари…

После осум неверојатно квалитетно организирани релија, следи деветтото издание на Рели Шоу Санта Доменика. Стартот на релито е во петок 23 ноември со традиционалната забава до вечерните часови. Во сабота после техничкиот преглед и верификација на возачите во 14:00 на езерото Орешје, започнува службениот тренинг на возачите.

Во 18:00 часот на програмата е одредувањето на стартните позиции, додека во 18:30 часот официјално започнува релито со церемонијалниот старт. Иако максималната бројка на пријави е 90, оваа година организаторите мораа да ја прифатат бројката од 106 натпреварувачи кои ќе стартуваат на церемонијалниот старт.

Најдобрите европски возачи во недела во 08:30 часот ќе се појават на стартот во Савршчак после што следат четири брзински испити. Вториот и третиот брзински испит се закажани за 10:30 и 12:30, додека последниот четврт брзински испит ќе стартува во 14:30. Свеченото доделување на награди е закажано за 17:00 часот.

Како и неколку пати досега и оваа година се одлучивме да бидеме дел од овој спектакл, на кој ако еднаш присуствувате, нема да има потреба да размислувате дали ќе дојдете следна година… едноставно не постои ништо друго тој викенд за вас.

За најдобро да видите за што станува збор, подолу погледнете ја видео најавата, додека под најавата можете да погледнете како тоа изгледаше минатата година:

Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *