Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / Викендов на програмата е Скопски Круг, последната кружна трка за оваа сезона

Викендов на програмата е Скопски Круг, последната кружна трка за оваа сезона

Оваа сабота и недела не очекува вистински тркачки викенд. Со тоа што имаме 30тина македонски возачи и десетина гости од странство, може да се каже дека ќе имаме интересна трка. Притоа, мораме да додадеме дека во најинтересната класа Југо, шампионската титула ќе се одлучи баш овој викенд…

Исто така, интересен податок е дека Renault Македонија ќе го презентира Twingo Cup-от за кој се шпекулира дека можеби ќе влезе во Македонскиот шампионат следната сезона. Останува да го проследиме викендот и да очекуваме новости во Македонскиот автомобилизам.

Програма на натпреварот:

Петок 16.11.2018

Технички преглед и верификација 16:00 – 20:00 часот

Сабота 17. 11. 2018 година

Технички преглед и верификација 08:00 –9:00 часот
Прва седница на жири 10:00 часот
Брифинг со натпреварувачите 11:00 часот
Официјален и неофицијален тренинг 12:00 часот
Втора седница на жири 18:30 часот

Недела 18.11.2018 година

Брифинг со натпреварувачите 10:00 часот
Свечено отворање 11:00 часот Натпревар 12:00 часот
Трета седница на жири 30 минути по завршување на натпреварот
Прогласување на победниците 30 минути по седницата на жири.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *