Saturday , December 16 2017
Home / Latest Articles / Викендов се возеше атрактивната ридска трка Дубровник, Марио Јуришиќ апсолутен победник!

Викендов се возеше атрактивната ридска трка Дубровник, Марио Јуришиќ апсолутен победник!

Овој викенд на патеката од Комолац до Бргат во Дубровник се одржа последната трка од ридскиот шампионат кој се бодуваше за Хрватска и Црна Гора, како и историски возила и Регион Југ (Далмација)

Патеката долга 3260 метри повлече околу 60тина возачи кои ја завршуваа сезоната во своите шампионати. Иако речиси секоја година од 2012 наваму присуствуваме на оваа трка, оваа година моравме да направиме пауза поради обврски на патеката Спа во Белгија. Но сепак би ве известиле за некои детали.

Познатиот хрватски возач Марио Јуришиќ позади воланот на Opel Vectra STW 2.0 Е1 извојува апсолутна победа извозувајќи ги најбрзо 3260-те метри на познатата Дубровачка патека. Тој славеше во генерален пласман и ја заврши оваа сезона, иако на саботните тренинзи најбрз беше Домагој Перековиќ во Mitsubishi Lancer EVO IX, додека втор најбрз беше Истван Кавец во BMW E90 E1, а трет беше Бојан Јураниќ во Renault Clio 2.0 E1.

Но во неделата првите двајца не стартуваа, а Јуришиќ извози маестрално за апсолутна победа. Позади него во генерален пласман завршија Бојан Јураниќ и Денис Мишевиќ. На трката иамше и доста излетувања, но не сите завршиј без повреди, само со материјални штети, кои ќе бидат санирани во текот на долгата зима пред следната сезона.

До следниот Дубровник!

Check Also

Skoda го слави успехот во WRC2 со Fabia Special Edition

Единствено, штета е што ова не е RS модел… Иако во сообраќајот на патиштата Skoda …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *