Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / Викендов стартува 51-то издание на Србија Рели

Викендов стартува 51-то издание на Србија Рели

Овој викенд во Врњачка Бања ќе се одржи легендарното Србија Рели, а ова е неговото 51-во издание.

Ова година домаќин е град Врњачка Бања, за разлика од минатата година и неколку години претходно, кога град Ужице беше домаќин.

Рокот предвиден за пријави заврши на 9 септември на полноќ, а се очекуваат 49 посади да настапат на легендарното рели, повеќето од нив во доста атрактивни автомобили.

За жал нема да биде присутен третиот R5 автомобил на Рок Турк, кој дефинитивно се откажа од настап поради излетување на домашното рели во Нова Горица позади волан на Peugeot 208 T16.

Според информациите, ниту една друга посада од пријавените нема да изостане, освен ако нешто не се случи во меѓувреме.

Може да се каже дека никогаш ова рели не поседувало толку голема бројка, но и толку атрактивни автомобили.

Србија Рели ќе се бодува за Централно Европска Зона, Европски Рели Трофеј – Зона Балкан (Коефициент 3), Шампионат на Бугарија, БиХ и Отвореното и Национално првенство на Србија.

Затоа ако сте во близина на Врњачка Бања или пак сте љубител на рели, повелете, забавата и уживањето се загарантирани.

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *