Saturday , December 7 2019
Home / Latest Articles / Викендов сe вози најтешката ридска трка на балканов, легендарниот Ловќен!

Викендов сe вози најтешката ридска трка на балканов, легендарниот Ловќен!

После ридската трка Малачка крај Сплит минатиот викенд, во агендата на балканската тркачка турнеја на БрзКруг следи најтешката, највозбудлива и најсложена ридска патека, легендарниот Ловќен, над Цетиње во Црна Гора

За БрзКруг, Владимир Анастасовски

Како почесен гостин и новинар, како пртставник од БрзКруг добив покана за покривање на оваа легендарна трка, покана која со чест ја прифатив. Исто како и минатата година, едноставно не можев да ја одбијам понудата од Петар Михаљевиќ, организаторот на трката, кој се вложува себеси 110% за да се одржи трката. Два збора, СЕКОЈА ЧЕСТ.

Секоја година организаторот наидува на финансиски проблеми за организирање на оваа трка, а поради огромните трошоци, „Долгиот Ловќен“ мораше да се скрати на 8100м и оваа година. Се очекуваат голем број на звучни имиња од автомобилизмот од Црна Гора, меѓу кои и Јован Ачимиќ кој повторно ќе оди на рекорд со неговиот болид откако во 2016-тата постави рекорд на „Краткиот Ловќен“ во должина од 8100 метри со време од 7:32.067.

За сабота е закажан техничкиот преглед и два официјални тренинзи, додека во недела се вози една трка која ќе одлучи кој ќе ја однесе победата во својата класа. И оваа година најголема борба ќе се води во класата N-2000 во Honda Civic Type-R автомобили каде ќе настапат Василије Јакшиќ, Марко Тујковиќ, Никола Асановиќ, а оваа година во оваа жестока борба ќе се приклучи младиот и супер брз Марко Даниловиќ, кој сеуште се завозува во неговиот нов автомобил.

Секогаш брзиот Немања Кашчелан наиде на проблеми на Малачка изминатиот викенд, но целосното сервисирање на моторот на неговиот автомобил Honda Civic E1-1600, ќе му овозможи да стартува овој викенд.

Очекуваме вистински спектакл, а директно од патеката ќе бидете известувани преку инстаграм и фејсбук профилот на БрзКруг. Потсетете се на рекордот на Јован Ачимиќ и неговото лудачко возење низ патеката над престолницата Цетиње…

Check Also

WRC: И покрај новите три посади во Toyota, Латвала останува во тимот

Финскиот возач Јари Мати Латвала не успеа да го задржи своето седиште во Јапонскиот тим …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *