Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / Викендов ќе ве известуваме директно од најголемиот тркачки спектакл – 38 Бузетски Денови

Викендов ќе ве известуваме директно од најголемиот тркачки спектакл – 38 Бузетски Денови

Овој викенд се одржува најголемиот тркачки автомобилски спектакл во Европа, ридската трка во Бузет, која воедно е и последна трка од Европското првенство на ридски патеки…

Директно од Бузет за БрзКруг – В. Анастасовски

Како претставник од БрзКруг, после претпоследната ридска трка од рамките на Европското првенство на ридски патеки во Илирска Бистрица – Словенија, следна дестинација секако, неизбежно беше присуството на Бузет.

Ова е шесто учество на нашата редакција со мене како претставник, како официјално акредитиран новинар, кој ќе се потруди и оваа година да ви пренесе колку што може повеќе директно од Бузет.

Денес на програмата беше техничкиот преглед на возилата, кое се одржа на центарот на Бузет, што е поразлично од секоја претходна година и искрено, денс Бузет изгледаше повеќе од прекрасен.

Пријавени се дури 270 возачи, вклучувајќи ја и промо класата, додека натпреварувачки автомобили беа пријавени 235.

Во сабота од 9:30 часот ќе стартува првиот тренинг, додека од 14:00 на програмата е вториот тренинг.

Првата трка во недела ќе започне од 9:00, додека во 13:45 е закажано свеченото отварање. Втората трка ќе започне од 13:30 часот, додека свеченото доделување на награди ќе биде одржано во 18:00 часот.

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *