Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / Вистински автомобилски спектакл овој викенд: Легендарното ГП Цазин!

Вистински автомобилски спектакл овој викенд: Легендарното ГП Цазин!

После нашето присуство и известување директно од легендарната црногорска ридска трка Ловќен, а веднаш следниот викенд и од последната Европска трка во рамките на Светскиот туринг куп WTCR од патеката Словакиа Ринг, следно на нашата агенда е известување директно од една од најпознатите и најдобро организираните трки во бивша Југославија – ГП Цазин во БиХ која се одржува по 19-ти пат.

Имено, овој викенд (27/28/29.07.2018) на добро познатата ридска патека “Крајишка Змија” ќе се одржи трката Голема Награда на Цазин 2018, во организација на Авто Мото Клубот „Екстра Спорт“. Организаторите на овој спектакл срдечно ги поздрaвуваат сите возачи кои ќе земат учество, но ја покануваат и публиката на која и е загарантирана добра забава со огромен број на спектакуларни автомобили. Патеката од минатата година е скратена за 230 метри, поради безбедносни причини, а сега изнесува 3.870 метри. Стартот остана на 209 мнв, но целта е спуштена на 361 мнв, додека новиот просечен нагиб на патеката остана 4.19%.

Меѓу засега пријавените 121 автомобили кои можете да ги погледнете на овој линк: http://www.amk-extrasport.com/component/content/article/26-marketing/277-gp-cazin-2017-prijavili-se-2.html, учество ќе земат доста звучни имиња како: Ласло Шаш со неговата формула, Дејан Димитријевиќ со неговиот ѓаволски Seat Leon со преку 600КС, Марио Јуришиќ со спектакуларното Audi A4 STW, како и познатиот Дејан Копајтиќ со екстремно добро подготвеното Југо 1600 Е1 кое е вистински празник за очи, уши и душа.

Марио Јуришиќ - Audi A4 STW
МАРИО ЈУРИШИЌ – Audi A4 STW

Исто така учество ќе земе и еден од најдобрите ридски возачи на балканов, црногорецот Дејан Булатовиќ со можеби и најубавиот автомобил овде, Seat Leon TCR, а Домагој Перековиќ со неговиот пеколен Mitsubishi Lancer Е1 со повеќе од 700КС ќе стави шлаг на тортата. Огромна борба како и секогаш, ќе се води во класата N-2000 во која се пријавени супер брзите: Василије Јакшиќ, Саша Радола, Никола Асановиќ, Харун Хаџиќ како и Фахрудин Долиќ и Стијепо Маненица.

Дејан Булатовиќ - Seat Leon TCR
ДЕЈАН БУЛАТОВИЌ – Seat Leon TCR

Овој спектакл официјално ќе започне со тренинзите во сабота, со почеток во 11:00 часот, додека во недела, првата трка исто така е на програмата од 11:00 часот. Оваа трка се бодува за ФИА Централно Европската Зона, ФИА ЦЕЗ за историски возила, Шампионатот на Босна и Херцеговина, Првенството на Хрватска и за Првенство на Хрватска за историски возила. И оваа година организаторот заедно со градот Цазин и останатите покровители и спонзори подготвуваат врвна авто трка, но и посебни изненадувања кои не се видени до сега. Оние кои ќе дојдат се добредојдени во градот Цазин, а организаторот вети дека ќе пружи незаборавна забава.

Погледнете го најавното видео:

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *