Thursday , November 21 2019
Home / Latest Articles / Ридска трка Водно 2 – Саботни тренинзи (Резултати)

Ридска трка Водно 2 – Саботни тренинзи (Резултати)

Денес на патеката Водно над Скопје започна последниот тркачки викенд на ридски патеки за оваа сезона, со двата слободни тренинзи на кои стартуваа 52 автомобили во различни класи.

Тренинзите поминаа прилично безбедно, со неколку удари и едно превртување за Ванчо Мижовски кој веднаш после стартот загуби контрола над неговиот автомобил, излизгувајќи се, после што се преврте. Тој помина без повреди, а во моментов веќе се работи на оспособување на автомобилот за утрешната трка.

Помеѓу 52-цата натпреварувачи, присутни беа шест натпреварувачи од Бугарија, Косово и Србија. Најбрзо време на саботните тренинзи имаше гостинот од Бугарија Васил Тодоров со автомобил Opel Astra во класата Е1-2000.

Неговото време во првиот тренинг изнесуваше 2:24.80, додека во вториот тренинг имаше доста подобро време, 2:18.92. Втор најбрз беше Слободан Трајковски со неговото Југо 1300 Група А, со најдобро време од 2:19.41.

Бугаринот Кирил Величков со неговата Honda CRX беше трет најбрз со време од 2:19.57, додека Димитриј Кимовски дебитираше со новонабавениот автомобил Honda Civic Type-R со најдобро време од 2:20.51

Шести беше Иван Козарски пред Давид Малинковски, Спирко Петрушевски, Орхан Амет, додека топ десетте ги заокружи Благоја Димитровски.

Подолу, погледнете ги останатите времиња:


Check Also

BTCC: Hyundai влегува во Британскиот туринг шампионат со i30 Fastback N

Тимот на Excelr8 Motorsport ќе донесе нов бренд и два автомобили Hyundai i30 Fastback N …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *