Tuesday , June 25 2019
Breaking News
Home / Latest Articles / Возбудлив старт на сезоната во Кичево (Извештај)

Возбудлив старт на сезоната во Кичево (Извештај)

Со првата трка одржана на патеката во Кичево, започна шампионатот на Македонија во автомобилизам

Како и во саботата на тренинзите, временските услови застанаа на страна на возачите, но и на големиот број на публика која беше присутна да го испрати стартот на Македонскиот шампионат во автомобилизам.

Како прво мораме да ја пофалиме организацијата на Custom Car Racing и екипата за мерење време Timing Solution. Низ целиот викенд испочитувана сатница, справување со делумно невоспитана публика и секако, пружање на возбудлив тркачки викенд. Тоа се најважните точки за организација на трка.

Недела, денот за трка започна со загревањето на трите дивизии со почеток во 10 часот, после што следеше свеченото отварање на натпреварот и стартот на трката.

Поради тоа што беше највозбудлива, ќе започнеме со дивизија 3, Renault Twingo Cup.

Renault Twingo Cup-oт како што се очекуваше, беше вистински празник за очи, иако автомобилите беа најспори на патеката со нивните 80 коњски сили. Борбата за првите три позиции беше повеќе од жестока. Од пол позицијата стартуваше Томислав Трајковски, пред Давид Малинковски и Мартин Делев, заедно со останатите шест конкуренти. Но борбата се водеше помеѓу првата тројка која се одвои после неколку кругови, формирајќи посебна трка за нив.

Во првата половина од трката водеше Трајковски, но Делев подоцна успеа да дојде до првата позиција и да ја задржи до крај. Делев дојде до победа, пред Трајковски, додека Давид Малинковски се искачи на последното место од подиумот, после вистинска борба со неговите двајца најблиски конкуренти.

Очекувавме блиска и жестока борба во Југо класата во која настапија 10 возачи, но не ја видовме бидејќи уште од стартот групата од која очекувавме блиска борба се раздели еден од друг. Вуков поведе уште од стартот за да направи голема разлика пред Михајло Лазаревски, кој исто така направи слична предност пред Георгиј Наков.

По тој редослед и заврши трката. Позади нив на четвртата позиција пристигна Александар Георгиевски, пред Александар Стојанов на петтата позиција. Шести заврши Мартин Аврамовски, пред Филип Стојковски, Ивица Стојковски, Бојан Георгиевски и Синиша Станков, додека Антонио Момировски не успеа да стартува.

Во дивизијата 2 во која очекувавме поголем број на натпреварувачи во класата Е1-2000 од двајцата возачи кои настапија. Димитриј Кимовски vo Honda Civic Type-R дојде до убедлива победа во целата дивизија, но при крајот на трката дојде до проблем со предната лева гума при што со последни сили ја помина целта, кој воедно имаше и најбрз круг на патеката, додека Бојан Пешов, исто така со Honda Civic Type-R поради излетување и оштетување на автомобилот, не успеа да ја заврши трката.

Вистински празник за очи покрај возењето на Кимовски, беше возењето на Никола Попевски во автомобил Југо 1300 Хоби  изнајмен од Српскиот возач Боривоје Гајиќ, воодушевувајќи ја публиката со неговото возење дојде до победа во класата Е1-1600 во која стартуваа седум возачи, а завршија тројца, Попевски на првата позиција, Џуклески на втората и Перо Георгиевски на третата позиција.

Исто така во дивизија 2 се возеше и класата Е1+2000 во која до победа дојде Даниел Симиќ, пред Екрем Мемиши и Миле Тодоров. Следната трка е за две недели на истата патека во Кичево.

 

Check Also

WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

Стартува најтешкиот предизвик за Светскиот туринг куп После завршетокот на денешните слободни тренинзи на озлогласениот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *