Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / Во сабота вечер, стартува МОПЕД ЕНДУРАНС КУПОТ!

Во сабота вечер, стартува МОПЕД ЕНДУРАНС КУПОТ!

Започнува едно од најинтересните натпреварувања на Балканот!

За оние кои не се упатени, станува збор за куп-натпреварување кој е закажан после експерименталната трка од која јасно можеше да се види дека може да се роди ова куп-натпреварување. Учествуваат само мопеди (Tomos Automatic), трката трае 4 часа, три возачи по тим, а на првата официјална трка од купот пријавени се дури 38 мопеди. Оваа објаснета слика ќе ја гледаме на картинг патеката Ада Хуја близу Белград. Со оваа трка се прекинува паузата од 35 години од одржување на мото трка на издржливост во соседна Србија.

После експерименталната трка која се возеше на 1 јули на истата патека, на која на стартот се појавија 16 екипи, организаторите се одлучија да покренат комплетно куп натпреварување коe ќе се состои од пет трки што ќе се возат оваа година. Овој куп привлече огромно интересирање, па затоа на првата трка која ќе се вози на 29 јули во Белград пријавени се дури 38 тимови, меѓу кои се и познати имиња од српскиот мото спорт.

Концептот на трката е таков што на еден мопед можат да се менуваат по тројца возачи кои возат во ист тим. Трката трае четири часа без прекин, а возачите можат да се заменат на мопедот во неограничен број пати. Покрај менувањето на возачи, во боксовите ќе можеме да видиме дополнување на гориво, замена на истрошени делови, но и посериозни поправки.

Слободните тренинзи ќе се одржат во 21:00 часот, кога ќе се отворат и вратите за публиката на картинг центарот Ада Хуја. Квалификациите се закажани за 21:30 часот, додека стартот на трката кој не треба да се пропушти е закажан за 23:00 часот. Возачите низ целта ќе поминат во 03:00 во недела наутро, а прогласувањето ќе се одржи веднаш после трката во „Карбуратор Кафе“ кое се наоѓа на патеката.

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *