Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / F1: Во Mercedes се сигурни дека новите гуми ќе го зголемат бројот на претекнувања во Ф1

F1: Во Mercedes се сигурни дека новите гуми ќе го зголемат бројот на претекнувања во Ф1

Шефот за стратегијата на Mercedes F1, Џејмс Виулс, е уверен дека Ф1 гумите на Pirelli за сезоната 2018-та ќе придонесат за повеќе претекнувања и дека ќе гледаме поинтересни трки.

Добавувачот на пневматици во Формула 1, Pirelli, претстави две нови компоненти за сезоната 2018-та, супер-тврда и хипер-мека. Сепак, сите останати компоненти претрпеа промени во својата конструкција за да имаат поголема деградација. Овие промени се направени со цел да предизвикаат повеќе пит-стопи и побрзо тркање бидејќи минатата сезона поголем број од трките завршуваа со само една посета на боксот.

“Новите гуми се помеки, што значи дека ќе имаат поголема деградација, побрзи времиња и повеќе пит-стопи. Моето лично мислење е дека ќе видиме повеќе пит-стопи и малку повеќе претекнувања во споредба со минатата година бидејќи гумите многу побрзо ќе ги губат своите перформанси.” – изјави Виулс.

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *