Monday , January 18 2021
Home / Latest Articles / Второ рели оваа сезона во Србија, овој викенд стартува Мионица Рели

Второ рели оваа сезона во Србија, овој викенд стартува Мионица Рели

Четврт пат по ред Мионица Рели, втора година се бодува за Централно Европска Зона

По четврти пат по ред Мионица ќе биде дел од Националниот шампионат на Србија во рели. Премиерното издание е одржано во 2017 година, додека две години подоцна започна да се бодува во календарот на Централно Европската Зона.

Организатор на ова натпреварување е Спортскиот авто и картинг сојуз на Србија, а коорганизатори се Авто-мото сојузот на Србија и Авто Клубот ФАМ ММ Пауер од Белград. Ова ќе биде втора станица на Националниот шампионат на Србија во дисциплина рели.

Четвртото издание на Рели Мионица се одржува од 21 јули до 1 август. До денес навечер ќе бидат обавени сите административни обврски, а исто така вечерва е закажан и церемонијалниот старт на релито.

Натпреварувачкиот дел од релито ќе започне во 09:01 часот во сабота, додека вкупната должина на релито изнесува 200.16 километри, а од овие, 69.30 километри се брзински испити, поточно девет. На Мионица рели се пријавени 25 посади, сите од Србија.

Извор: https://rallymagazin-rs.weebly.com/

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *