Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера Куп каде настапува Македонскиот натпреварувач Ристо Вуков, кој овој викенд мораше да се справи рекорден број на пријавени натпреварувачи (27).

Како што изјави тој имаше слаби резултати на тренинзите, додека на квалификациите успеа само до 12 стартна позиција, додека на првата и втората трка заврши на 13 и 11 позиција. Во разговорот кој го имавме ги откри потешкотиите кои ги имаше овој викенд.

„Како што реков, Валелунга за мене е една од најтешките патеки во Италија, која е доста техничка, а исто така е комбинација од брз дел и многу спори свиоци, пто дава чувство дека возите на две различни патеки. Ова беше нешто ново за мене бидејќи до сега немам возено на толку спор дел од патека, што бара сосема различен стил на возење.

На тренинзите бев доста бавен, при што на официјалниот тренинг во четвртокот доцнев четири секунди, додека на квалификациите веќе бев на половина секунда од првата тројка, што е задоволувачки за мене. Тоа што првите 12 бевме во 0.8 секунди, покажува колку е сериозен овој шампионат.

Саботната трка тргна добро, но во шестиот круг наидов на проблем со задното лево тркало, после што гумата започна да се троши побрзо, па затоа морав да го симнам темпото на возење за да не дојде до проблем кој би ме отстранил од трката. Автомобилот стана тешко управлив, но успеав да завршам на 13-тата позиција.

На трката во неделата стартував од 13-тата позиција. Пред стартот на трката заврна, а овој автомобил по дожд е многу немирен. Останав на гуми за суво, но морав да бидам крајно претпазлив бидејќи за прв пат го возам овој автомобил на влажна патека со гуми за суво. Поради ова не сакав да ризикувам и одржував по бавно темпо за да почекам да се исуши патеката, при што возачите напред на колоната направија веќе голема предност.

Сепак завршувањето на 11 позиција од 27 натпреварувачи за мене е добар успех, а веќе на следната трка на патеката Муџело, патека која добро ја познавам, очекувам пласман барем во првите шест.“ – изјави Вуков за БрзКруг.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *