Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / Вуков најави TCR планови за 2019

Вуков најави TCR планови за 2019

Во последниве неколку години Европскиот и Светскиот туринг автомобилизам го зарази балканот

Прво Душан Борковиќ кој постави почеток во ETCC, потоа WTCC, па да заврши во TCR. После него Игор Стефановски кој мометално се натпреварува во Европскиот туринг Куп (ETCC), до Виктор Давидовски и неговата најава за TCR-International следната сезона. Најнова најава е планот на младиот Ристо Вуков. Пред десетина дена младиот Вуков даде најава на неговиот фејбук профил за некој тест со TCR автомобил. Потоа лично од него добивме обраќање во кое ни објасни за што поточно станува збор.

Имено, Вуков ја заврши оваа сезона во српскиот шампион каде вози во класата Југо Спорт, попозната како „Хибрид“. По завршувањето на сезоната тој со неговиот тим најавија тест со TCR автомобил, на патеката Адриа близу Венеција во Италија. После разговорот, дојдовме до констатација дека големи се шансите тој да се појави во TCR шампионатот во 2019 година:

„После кратко размислување и планирање одлучив со мојот тим да се пријавиме на организиран тест на патеката Адриа со TCR автомобил. Ќе имам на располагање Seat, Golf и Audi автомобили, а како инженер ќе биде присутен човек кој моментално вози во TCR шампионатот. Јас лично се одлучив за Golf бидејќи мислам дека е најконкурентен после Honda-та. Баш сум среќен што ми се пружи оваа прилика за овој тест, а потоа плановите ми се да извозам две трки во академијата Адриа, каде во шампионатот следната година ќе имаат 6 трки од по 6 часа. Со овој тест се надевам дека ќе почнам да се запознавам со целата TCR индустрија, а исто така тоа ќе ми помогне да ги донесам плановите за во иднина. Во 2019 се надевам дека ќе му се придружам на Виктор Давидовски за кого предстои тешка и напорна сезона, но познавајќи го како човек и како спортист, но и тоа колку е посветен, не верувам дека ќе има проблеми и сум сигурен дека ќе биде во првите пет возачи. Тестот е закажан за 23 и 24 октомври, па затоа со тешко срце морам да изјавам дека нема да бидам во можност да ја возам кружната трка во Скопје.“ – изјави Вуков.

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *