Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Вуков од Муџело: 10-тата стартна позиција е многу повеќе отколку што очекував!

Вуков од Муџело: 10-тата стартна позиција е многу повеќе отколку што очекував!

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков овој викенд ќе го има неговиот деби настап во Италијанскиот Porsche Carrera Cup заедно со неговиот GDL Racing тим со кој ќе настапи цела оваа сезона.

Вуков и покрај тешкотиите да се појави на првата трка поради забраната која ја имааат Македонските државјани за влез во Италија поради пандемијата, тој успеа да пристигне неколку дена порано за да направи тест пред трката.

На денешните квалификации тој постигна 10-то време од 21 натпреварувач во првиот дел од квалификациите, додека пол позицијата ја освои Алберто Черки. Вториот дел од квалификациите се одлучи да не го вози, применувајќи тактика на чување на гуми, што е паметен чекор за возач кој прв пат настапува во непознат шампионат.

Вуков конечно е во автомобил со заден погон кој би му прилегал на неговото возење, бидејќи како што веќе знаете тој беше шампион во картинг, а стилот на возење е многу поблизок од возење со автомобил со преден погон.

„Пресреќен сум и презадоволен од освоената 10-та стартна позиција. Можам да кажам дека не очекував ваков резултат. 10-тата позиција ја освоив во првиот дел од квалификациите, додека на вторите не излегов бидејќи повеќе ми одговара да излезам со нови гуми на трката.“ – изјави Вуков.

Првата трка е денес во 16:00 часот, а втората во недела изутрина во 09:50 часот. МРТ 3 ќе врши ексклузивен директен пренос, со тоа што и тоа како добро ќе ни дојде нам октанските зависници кои сме отруени од политичката ситуација, како и од пандемијата која ја закочи тркачката сцена во целиот свет.

Со среќа Рико!

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *