Sunday , January 21 2018
Home / Latest Articles / Вуков после денешната трка на Берановац: „Денес ја возев највозбудливата трка во мојот живот!“

Вуков после денешната трка на Берановац: „Денес ја возев највозбудливата трка во мојот живот!“

Иако возачот на Америт Рејсинг Ристо Вуков не успеа денес да дојде до подиум и покрај тоа што еден момент беше и на водечката позиција, тој не можеше да ја скрие возбудата на денешната трка од нас…

Ристо Вуков после двата теста на Берановац ни најави дека овој викенд оди на подиум. Тоа не се случи денес, но друго се случи и тоа веќе не беше важно за денес. Тој едноставно не можеше да ја скрие возбудата од нас и од срце му излета:

„Апсолутно не ми беше важен подиумот денес. Иако завршив четврти срцето ми се наполни како никогаш до сега. Јас волку возбудлива трка не сум возел во мојот живот. Ова ќе го паметам засекогаш.“ – искрен беше младиот Вуков.

Иако тој заврши на четвртата позиција водеше огромна борба со најбрзите возачи во најжестоката класа „Југо Хибрид“. Стартуваше од петтата позиција, се пробиваше мудро и храбро напред, се бореше и дојде до првата позиција во еден момент. Но да се наоѓате напред на првата позиција во оваа класа не е баш едноставно и безбедно. Тоа го констатираше и самиот тој:

„Не е лесно да сте на првата позиција овде. Сите ќе гледаат да ве истуркаат од патеката на најлош и нај неспортски можен начин. Не сакам да именувам, но овде возат крајно неспортски. Во моментот кога се најдов на чело, возачите позади мене фаќаа заветрина од мене и тука почна туркањето и забавата. Тоа се волци со кои нема зафркавање. Тука се вози крајно сериозно и никој на никого не му простува и не го пропушта. Она што дополнително ме наполни е дека во борбата за трета позиција со Часлав Тошиќ уживав највеќе досега.

Кога видов како се одвиваат работите, веќе позицијата на трката не ми беше важна бидејќи се забавував како никогаш досега. Во текот на трката повторно почна да ми откажува менувачот во 3 и 4 брзина при што во текот на возењето буквално го слушав како полека но сигурно се распаѓа и среќен сум што издржа до крај. Мојот тим неуморно работи на автомобилот, а се надевам дека репарацијата ќе биде успешна за утрешната трка и да, мојата најава за подиум останува за утре исто така, за што ќе го дадам максимумот од мене“ – изјави Вуков за нашиот портал.

Вуков на утрешната трка стартува од шестата позиција поради новото правило на обратен грид и очекуваме еднакво возбудлива трка утре исто како денес.

Check Also

Koj Honda Civic Type R e подобар? EP3 против FN2 против Mugen против FK2 против FK8

Во следново видео ќе видите навистина интересна споредба помеѓу сите досегашни Honda Civic Type R. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *