Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / Вуков после Ушќе 2: „На Брановац возам за подиум“

Вуков после Ушќе 2: „На Брановац возам за подиум“

После врелото Ушќе, Вуков со поголеми амбиции!

На врелото Ушќе патеше и другиот македонски возач Ристо Вуков – Рико. Патеше и тој и неговиот автомобил. Но не беше само тој кој патеше, туку и останатите 80-тина возачи и автомобили кои бараа начин во секој момент како да го изладат автомобилот и да дојдоат до повисоки позиции. Вуков тргна доста добро. Во саботата се избори за петтата позиција од која и стартуваше во неделата.

Сепак изгледа дека тренингот на Берановац му дојде доста добро. Иако автомобилот го носеше до крајни граници, температурата си го направи своето. Тој се држеше позади трето пласираниот Петар Милорадовиќ, но поради негова грешка мораше да заостане и да заврши на сигурната четврта позиција.

„Како што веќе изјавив, минатиот викенд возевме тренинг на Берановац каде испробавме многу работи. Цел тренинг помина солидно, после тоа можам да кажам дека и на оваа трка поминав доста добро. Пресреќен сум што сум во првата петорка бидејќи од 10 трки кои ги возев на пет од нив не завршив, а досегашното учество во оваа класа можам да го кажам како огромен успех за мене. Ако се навратиме наназад на оваа трка минатата година каде имав сериозно излетување и превртување, психата малку ме спречи да притискам максимално, после што видов дека стравот е во мала доза присутен бидејќи на некои делови возев со мала резерва.

Веќе на почетокот се најдов и се држев со првите пет возачи. Автомобилот е во одлична состојба. По мене трката требаше да биде скратена за неколку кругови поради преголемите температури во кабината и во моторот, кои јас барем во моторот ги немав, но сепак, 22 круга по мое мислење беа премногу за тој пекол на патеката. Кога започнував да го стигнувам Петар (Милорадовиќ), кој тогаш беше на третата позиција поради откажувањето на Часлав Тошиќ, направив фатална грешка Имаше уште многу до крајот, па затоа почнав да го ладам автомобилот на правците. Во повеќе моменти го уклучував и исклучував вентилаторот, но во една ситуација по грешка ја исклучив пумпата за гориво.

Автомобилот снема гас и откако ми текна што направив загубив драгоцени неколку секунди, при што Петар направи голема разлика пред мене. После тоа одлучив да не форсирам бидејќи немаше потреба. Затоа само ја завршив трката и се задоволив со четвртата позиција што воошто не е лош пласман за оваа класа на натпреварување. Морам да искажам голема благодарност до мојот тим Америт Рејсинг, кој крајно се потруди за овој пласман, а исто така подготвуваме нови работи за Краљево поради кои сметам дека ќе бидам побрз, а со тоа ќе се борам во топ 3.“ – искрен беше Вуков.

Сепак за оние кои не се упатени, овој пласман во оваа класа и тоа како е задоволувачки бидејќи да се појавите овде и да се возите во првите пет е доста тешко. Ви треба доста сериозен тим, кој ќе подготви добар автомобил, а за „cojones“, да не зборуваме.

Следната трка е во Краљево на Берановац на 16 и 17 септември која е планирана за дупла трка, па затоа може да се каже дека тој викенд ќе биде најважен оваа сезона. До тогаш…

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *