Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / Вуков со измешани емоции на Мизано; Првата трка без пласман, втората трка во бодови

Вуков со измешани емоции на Мизано; Првата трка без пласман, втората трка во бодови

Македонскиот возач Ристо Вуков овој викенд настапи на втората рунда од Италијанскиот Порше Карера Куп на патеката Мизано.

Ова беше доста напорен викенд за него, но и со крајно измешани емоции. На квалификациите дојде до 14-тата позиција од каде ја стартуваше првата трка. И покрај добриот старт после кој се најде на 11-тата позиција, во гужва и борба за позиција беше удрен во задниот лев дел на автомобилот, после што се изврте на патеката и мораше да се довлече до боксот со оштетено предно десно тркало.

Разочарувањето беше огромно на вечерната трка во саботата, а тимот имаше пред себе долга и напорна ноќ за да го оспособи автомобилот за втората трка денес (недела). Поради не завршувањето на првата трка, според правилата Вуков мораше да стартува од последната 23 позиција, за во текот на трката паметно и воздржано да се пробие до топ 10-те возачи и да освои нови поени.

Но во текот на трката имаше излетување и казни за неспортско возење во борбата за првите три позиции, па затоа на крајот Вуков се најде на седмата позиција, освојувајќи нови драгоцени поени кои и тоа како се важни за понатаму. И покрај лошото искуство во саботата, тој беше пресреќен за освоената седма позиција после состанокот на судиите кој се одржа после трката.

Во втората трка имаше доста излетувања и инциденти, а едно потешко излетување резултираше со прекин на трката, за подоцна повторно да биде пуштена. Разликата помеѓу возачите беше намалена, а после рестартот на трката гледавме баш жестока борба за позиции што беше вистински празник за очи.

Не е лесно да се одржат стабилни мисли после таков удар, не по негова вина, но сепак Вуков на крајот покажа дека може да се справи и со вакви осцилации во текот на викендот, во целосно новиот начин на тркање за него.

Следната трка ќе се одржи од 28 до 30 август на патеката Имола.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *