Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / Давидовски и со втората позиција на Ушќе, се поблиску до посакуваната титула

Давидовски и со втората позиција на Ушќе, се поблиску до посакуваната титула

Титулата во класата Југо Хибрид е крајно посакувана баш поради огромната тежина и силната конкуренција…

Изминатиот викенд бевме сведоци на пеколна трка на Ушќе во класата Југо Хибрид. Пеколна повеќе од страна на сериозно топлото време, отколку од борбата на патеката. Голем број на возачи имаа проблеми со врелото време во Белград, како возачите така и нивните автомобили патеа на жешкиот асфалт. На квалификациите во саботата македонскиот возач Виктор Давидовски успеа само до третата позиција, иако тактиката беше пол позиција и водење на трката.

Таа тактика е позната кај возачите во овие жешки денови во кои оние кои се назад и користат заветрина еден позади друг, имаат проблеми со кревање на високи температури на моторите на нивните автомобили, а тоа значи губење на сила при крај од трката. Уште во саботата Давидовски предвиде конечен пласман за во неделата гледајќи дека неговиот автомобил нема да дојде до првата позиција…

„Во саботата се случи толку глупав прoблем со автомобилот што бев прилично нервозен. Се откачи сајлата за гас баш кога врзав неколку брзи кругови. Тоа се случи при крај од вториот тренинг, па затоа не успеавме да го решиме проблемот и да излезам уште еднаш на патеката. Но сепак го увидов поголемиот проблем, поради кој и да излезев немаше ништо да променам бидејќи го дадов максимумот од себе во тие три круга.

Автомобилот имаше огромен проблем со тоа што загреваше премногу, а со тоа губеше и сила. Знаев дека првата позиција е недостижна во неделата, но сепак остана онаа резервна тактика сигурно возење и освојување поени. Тоа е тактика што ја мразам највеќе, бидејќи сакам со победи да ја земам титулата, но можеби сепак ќе морам да тактизирам. Во неделата Стартував одлично, ја држев третата позиција. Настасијевиќ, Тошиќ и јас се одвоивме напред, но сепак заостанував од Тошиќ растојание од 3 автомобили кое можев да го намалам само во неколкуте кривини на патеката.

Кога доаѓаа правци, видно ми се оддалечуваа, а тоа ме излудуваше бидејќи почнав многу да ризикувам и доцна да кочам. Во средината на трката Часлав Тошиќ имаше проблем со автомобилот и се откажа од трката, при што јас дојдов до втората позиција и така завршив. Да, тоа се дополнителни бодови, но како што реков, ако одам на титула, не сакам така да ја земам туку со победи.

На Ушќе не може да се ризикува со малку поспор автомобил бидејќи нема каде да се постигне предноста. Да беше на Берановац ќе одев на се или ништо, но овде тоа е бесмислено. Останува да го решиме проблемот и да одиме на победа во Краљево на легендарната патека Берановац.“ – изјави Давидовски.

После она што го видовме, но и слушнатите коментари од публиката, лесно беше да се резонира дека Давидовски има доста фанови и во Србија кои беа крајно задоволни од неговото возење. Првата позиција ја освои Душан Настасијевиќ, минатогодишниот шампион, Давидовски беше втор, додека на третата позиција се најде Петар Милорадовиќ.

Во топ 5 завршија Вуков на четвртата и Предраг Ламбаша на петтата позиција. Поправниот испит ќе го чекаме на Берановац која е дупла трка и многу работи ќе се решат токму таму. Давидовски (102 поени) и понатаму води во генерален пласман, пред сега Душан Настасијевиќ (74 поени), додека на третата позиција без бодови од Ушќе е Часлав Тошиќ со 62 поени.

Спортски поздрав!

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *