Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / Давидовски од Спа: „И покрај проблемите и лошото време, прекрасно ни оди“

Давидовски од Спа: „И покрај проблемите и лошото време, прекрасно ни оди“

После сите најави, денес на патеката Спа-Франкоршамп започна 12 часовната трка во која македонскиот возач Виктор Давидовски вози заедно со индискиот возач Прашант Тарани возат за британскиот тим Zest Racing Engineering позади воланот на Seat Leon V2 во класата TCR.

Како што очекувавме времето беше крајно променливо со престанување на интензивните врнежи од дожд, засушување на патеката и повторно враќање на истиот интензитет на врнежи. Се одеше перфектно добро со стартувањето од шеснаесеттата позиција во класата, а Виктор Давидовски ја започна трката од старт. Првиот дел од трката помина безбедно, но поради проблемите со комуникацискиот систем Давидовски ја помина границата од максимум два часа на патеката, при што требаше да се повлече во пит стопот и да се замени со Тарани.

Поради тоа тимот доби казна од 30 секунди, а ако не се повлечеше во питот истиот круг, ќе беше дисквалификуван. Но сепак темпото е на високо ниво, Виктор е презадоволен, бидејќи целта на појавување на оваа трка беше вртење што повеќе кругови и увозување во автомобил со TCR спецификации. После овој релативно тежок ден, утре следи уште потежок ден бидејќи ќе се возат останатите 9 часа од трката, а она што е добро е дека утре двојката ќе стартува од 10-тата позиција во TCR класата и тоа Прашант Тарани ќе ја продолжи утре трката со старт на вториот дел во 09:00 часот.

Иако утре во најава има големо невреме, не можеме да ги предвидиме времeнските услови бидејќи оваа патека не го дозволува тоа, па затоа останува да уживаме во неизвесната трка.

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *