Thursday , October 19 2017
Home / Latest Articles / Давидовски после Спа: „По она што дојдовме го постигнавме, пласманот воопшто не беше важен“

Давидовски после Спа: „По она што дојдовме го постигнавме, пласманот воопшто не беше важен“

Како што веќе најавивме, Виктор Давидовски овој викенд присуствуваше на патеката Спа-Франкоршамп на трка на издржливост во траење од 12 часа во рамките на 24h TCE Series

Целта на појавување на оваа трка беше започнување со тренинзи за учеството во TCR International Series следната година и секако, запознавање со автомобил со TCR спецификации и на патека која се вози во Интернационалната туринг серија. После тренингот во вторникот и овој тркачки викенд, можеме со цело срце да кажеме дека целта е постигната, бидејќи Давидовски извози преку 600 километри на патеката во тркачки услови.

Оваа трка беше последна од ендуранс шампионатот за оваа година, која беше вистински начин за увозување за следната година. Спа-Франкоршамп е екстремно тешка патека, која нуди технички и брзи делови со доста променливи временски услови кои бараат резонирање и интуиција. Давидовски беше крајно искрен за поминатиот викенд, но и позитиен на највисоко ниво:

„Зацртавме цел, дојдовме и ја постигнавме. Јас не дојдов овде да се тркам бидејќи прв пат седнувам во автомобил со овие спецификации, на трка која за прв пат ги слушам правилата. Затоа не се надевавме на никаков пласман, туку единствена цел беше тренинг и тест. Извозив преку 600 километри во автомобилот, а тоа е многу повеќе отколку што целиот шампионат кој го возев во Србија цела година. Започнав да го искусувам автомобилот, патеката, начинот на работа на тимовите и сериозноста на овие натпреварувања. Цел викенд беше врнежлив, така што не успеавме да возиме по сува подлога. Ова беше влажна трка по многу тешки услови и со многу поминати километри. И крајно професионални тимови имаа огромни проблеми со кои се справуваа, за разлика од аматерскиот тим во кој го изнајмивме седиштето.

Поради лични причини шефот на тимот мораше да го напушти тимот и не беше присутен овој викенд, со тоа што Борис Миљевиќ го превзема тимот да го координира и успеавме да ја завршиме трката. Поради технички проблеми и дефект заглавивме 3 часа од 12 во боксот со заостанување од 60-тина круга, но сепак и тоа е дел од овие трки. После се што видовме до сега, за да одиме на Светско првенство следната година, треба да склопиме перфектно организиран и сериозен тим, што моментално го правиме. Имам да изразам огромна благодарност до тимот Zest Racecar Engineering, до Борис кој даде се од себе да направиме најдобар тренинг што е возможно. Ви благодарам момци, за тоа што ми помогнавте да ја постигнам мојата цел.“ – позитивен беше Виктор.

Check Also

MotoGP: Довициозо во последниот круг ја доби битката за Јапонското Гран При

Андреа Довициозо се доближи до лидерот во генерален пласман кај возачите, Марк Маркез, после борбата …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *