Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / Давид Малинковски после победата во Кичево: Вака треба да изгледа организација на трка

Давид Малинковски после победата во Кичево: Вака треба да изгледа организација на трка

Дефинитивно можеме да ги поддржиме зборовите на сите натпреварувачи околу организацијата на трката во Кичево изминатиот викенд.

Не слушнавме ниту еден натпреварувач да не биде задоволен од целата организација, но сепак, бројката на присутни тркачки автомобили може да биде и поголема. Но се во свое време…

Малинковски дојде до сигурна победа и најбрз круг на патеката во неделата. Сериозниот пристап кон тркањето му го донесе тоа, откако автомобилот целосно беше прегледан и доработен кај Италијанскиот тунер Барболини, каде и претходно беше склопен овој автомобил.

„Одлучивме дека е време да го прегледаме автомобилот, а воедно и да биде подложен на некои преправки. Откако завршивме со сервисирањето во Италија кај реномираниот тунер Барболини, возењето во автомобилот беше многу поразлично од претходно. Сите репери ми беа изместени, но навикнувањето помина веќе на првиот тренинг.

На вториот тренинг веќе ги знаев деталите и можев да возам пожестоко, поставувајќи време од 1:10 минути, од кое можам да кажам дека бев задоволен. На неделната трка ми преостана да пробам да се оддалечам од конкурентите и да возам до победа. Успеав да ја направам таа предност, а истата ја искористив да дојдам до победа. Можам да кажам дека ова е вистински пример за организација на трка „со сите нишани“ што би рекле.

Беше изведен и пренос во живо кој го гледаа преку 35.000 гледачи што е импресивно во секој поглед. Следната трка е во Скопје и исто така се надевам на квалитетна организација од оние кои ќе ја земат одговорноста за легендарниот „Скопски Круг“ – изјави Малинковски за БрзКруг.

Check Also

WTCR Вухан: Верне победник од старт до цел во првата трка

Францускиот возач Жан-Карл Верне успеа да извојува сигурна победа од старт до цел, откако ја …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *