Friday , March 22 2019
Home / Latest Articles / Дакар Рели: Етапа 3; Проблемите започнуваат… – (Резултати)

Дакар Рели: Етапа 3; Проблемите започнуваат… – (Резултати)

После третата етапа на најтешкото рели на планетата (Сен Хуан де Маркона – Арекипа), многу работи се променија… (Во тек е четвртата етапа)

Имено, се работи за дури 22 откажувања после третата етапа. Кај моторциклите среќа оваа година немаше фаворитот за победа Жоан Бареда, а покрај него со Дакар 2019 се збогуваа Франко Каими, Хуан Педреро, Родни Фаготер, Валтер Носиљиа Јагер, Маркос Колверо, Стефан Бувие, Џиана Веларде, Исмаел Нието и Елио Аглиони.

Кај квадовите имаме две откажувања до сега и тоа: Валтер Носиљиа и Итало Педемонте, додека кај автомобилите на целта не стигнаа Владимир Василјев, Хе Житао, Давид Бенсадоун, Луис Барбери, Анибал Алиага и Диего Хеилбрун. Кај камионите, тројца момци не успеаа да ги донесат нивните екипи до целта во Арекипа – Мартин Ван ден Бринк, Јошимаса Сугавара и Петер ван Делм.

Откако Бареда беше приморан да се откаже на 143 километар од етапата долга 331 километри, минатогодишниот шампион и возач на КТМ Матиас Вокнер и тимскиот колега на Бареда од Хонда, Рики Брабек, двајцата се загубија губејќи повеќе од 20 минути. Исто така и тимскиот колега на Вокнер, Тоби Прајс загуби нешто помалку од 15 минути. Оној што највеќе доби од ова беше Де Соултреит кој стартуваше од 12-тата позиција со 16 минути заостанување. На крајот, тој извојува победа на третата етапа и тоа со само 15 секунди предност пред Кинтанила, додека трет најбрз на етапата беше Кевин Бенавидес. Вака изгледа поредокот во генерален пласман после третата етапа:

Кај автомобилите, конечно видовме промена кај Стефан Петерхансел кој успеа да дојде до првата етапна победа во ова издание на Дакар, додека борбата за победа на неговиот тимски колега Карлос Саинц заврши. Г-дин Дакар ја имаше контролата и лидерската позиција низ целата етапа, а после ова победа тој од 13-тата позиција се искачи на третата позиција во генерален пласман. Проблеми на етапата поради кои запра, имаше Жиниел де Вилие, кој исто така може да се збогува со посакуваната борба за победа. Ситни проблеми имаше и Себастиен Леб, кој заврши за 42 минути позади Петерхансел, а сега се наоѓа на осмата позиција во генерален пласман.

И покрај втората позиција на третата етапа, Насер Ал Атија останува во водство во генерален пласман со предност од 6м48с. Најголемата драма му се случи на Саинц, кој после кршењето на левиот дел од суспензијата при што за малку не остана без тркало, шансите за одбрана на минатогодишната титула веќе ги нема. Шпанецот имаше застој од 3ч15м со што ќе падне доста длабоко во генералниот поредок…

Кај камионите, победник на третата етапа беше Андреј Каргинов во КАМАЗ, додека Едуард Николаев останува во водство. Николаев беше четврти на целта позади неговиот тимски колега Дмитри Сотников кој успеа да стигне како трети на целта. Најголемиот ривал на возачите на Камаз е Жерар Де Рој, кој имаше ден за заборав. Тој ја заврши третата етапа за 1ч27м позади победникот Каргинов, кој во генерален пласман се наоѓа за 1ч17м позади лидерот Николаев.

Check Also

WRC: Зошто е Рели Мексико едно од најопасните? Он-борд видео Себастиен Ожие

Ова видео е најдобар пример зошто Рели Мексико е едно од најопасните во календарот Ова …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *