Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Дакар Рели: Етапа 4 (Резултати)

Дакар Рели: Етапа 4 (Резултати)

Денес на програмата беше четвртата етапа од Арекипа до Такна во должина од 406 километри

Четвртата етапа долга 406 километри беше вистински предизвик за возачите. Кај моторциклите најбрз беше Рики Брабек кој водеше во текот на целата етапа. Ова за него е втора етапна победа, а на целта пристигна со предност од 6м19с пред Матиас Вокнер.

Со оваа етапна победа Брабек се најде на лидерската позиција во генерален пласман откако лидерот Кинтанила имаше лош ден. Тоби Прајс и Сем Сандерленд завршија на третата и четвртата позиција, додека петти беше Ван Беверен. Кај квадовите со уште една етапна победа, трета од четири, Николас Кавиглиасо убедливо ја зголеми предноста во генерален пласман.

Генерален пласман – Моторцикли

Кај автомобилите, Насер Ал Атија со уште една победа успеа да ја зголеми предноста во генерален пласман, но сепак не може да се опушти бидејќи оваа година тој е дојден поради една и единствена причина – победа. Ова е доста предизвикувачка етапа бидејќи надворешната асистенција е забранета, а екипите за техничка поддршка не ги придружуваат натпреварувачите до Такна туку ќе ги чекаат во Арекипа следниот ден.

Стефан Петерхансел кој беше побрз од Ал Атија во првиот дел од етапата мораше да се задоволи со втората позиција, бидејќи Катарецот едноставно беше најбрз на секоја контролна точка и успеа да пристигне за две минути побрзо од 13-кратниот Дакар шампион. Возачите на Мини Нани Рома и Јакуб Прзински пристигнаа како трети и четврти, додека Леб кој речиси целата етапа беше позади Ал Атија и Петерхансел, успеа да заврши на петтата позиција.

Генерален пласман – Автомобили

Кај камионите, возачот на Камаз Андреј Каргинов нареди уште една етапна победа по ред, со тоа што пристигна на целта со време од 4ч9м49с, кое беше побрзо за 1м29с од Мачик во Лиаз на втората позиција. Интересно е тоа дека во првите пет возачи се четири од Камаз, со Ајрат Мардеев кој пристигна како трет со заостанување од 12м47с, пред Едуард Николаев +13м24с и Дмитри Сотников +13м38с.

Генерален пласман – Камиони

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *