Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / Дакар Рели: Прва Етапа (Лима – Писко) – Резултати

Дакар Рели: Прва Етапа (Лима – Писко) – Резултати

Вчера на седми јануар официјално, започна Дакар Рели, со првата етапа од Лимо до Писко

Рано е да се посочи кој би бил фаворит во секоја од класите, бидејќи голем број од возачите ќе имаат сериозни проблеми во песочните дини. Но сепак очекуваме огромна борба во секоја од класите. Првата етапа која се вози од Лима до Писко, беше еден вид на рамрдување на возачите.

Кај моторциклите, за жал уште првиот ден имавме откажување, а тоа е Српскиот моторциклист Габор Сагмаистер на КТМ, кој после 30-тина километри имаше проблем со моторциклот, губејќи го притисокот на маслото, со што поради тоа што не успеа да дојде на било каков начин до целта на првата етапа, нема да му биде дозволено да продолжи понатаму. Прв на целта од првата етапа пристигна Џоан Бареда Борт со време од 57м36с, а беше за 1м34с побрз од Пабло Кинтанила. Трет беше Рики Брабек со заостанување од 2м52с, додека на четвртата и петтата позиција поминаа Адриен Ван Беверен и Сем Сандерленд со заостанување од 2м55с и 2м56с.

Кај автомобилите возачот на Toyota Насер Ал Атија успеа да се најде на чело со најдобро време во првата етапа, а со тоа тој најави сериозна борба за победа во неговата класа. Првата етапа тој ја извози со време од 1ч1м59с, пред Карлос Саинц во Mini, кој заостанува за само 1м59с. Јакуб Прзигонски успеа да стигне како трет со 2м заостанување, пред Владимир Василијев кој заостана за 2м18с, а топ 5-те ги комплетираше Јазид Ал Рајхи со заостанување од 2м28с позади Ал Атија. Де Вилие пристигна на шестата позиција, пред Петерхансел на седмата, Тен Бринке на осмата, Хари Хант на деветтата и Сирил Деспре на 10-тата позиција. Себастиен Леб успеа да ја пројде првата етапа на 13-тата позиција.

Кај големите момци (камионите), Едуард Николаев од Kamaz не остави ништо на изненадување завршувајќи ја првата етапа на првата позиција со време од 1ч9м5с. Со заостанување од 18с на втората позиција пристигна Тон Ван Генугтен (Iveco), пред Фредрико Вилагра (Iveco) со заостанување од 53с. На четвртата позиција пристигна еден од најголемите фаворити за победа, Жерар Де Рој (Iveco), додека петти пристигна Дмитри Сотников со заостанување од 3м33с од Николаев. Веднаш позади на шестата позиција е Андреј Каргинов (Kamaz) и Ајрат Мaрдеев (Kamaz) на седмата позиција. Топ 10-те ги комплетираа Алеш Лопреш (Tatra), Алиаксеи Вишнеуски (Maz) и Мартин Солтис во Tatra.

Во тек е втората етапа од Писко до Сен Хуан де Маркона.

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *