Sunday , January 21 2018
Home / Uncategorized / Дакар 2018: Вокнер со 17-та титула за КТМ кај мотоциклите, Касале и Yamaha со доминантна победа кај квадовите

Дакар 2018: Вокнер со 17-та титула за КТМ кај мотоциклите, Касале и Yamaha со доминантна победа кај квадовите

Кај мотоциклите неочекувано, додека кај квадовите доста очекувано…

МОТОЦИКЛИ

Матиас Вокнер (КТМ) извојува важна победа на најтешкото рели на планетата, 40-тото издание на озлогласениот Дакар. Вокнер на последната 14-та етапа во должина од 120 километри заврши позади Кевин Бенавидес за 5 минути и 38 секунди, што беше доволно за австриецот да извојува прва победа за него и 17-та за КТМ. Вокнер победи на само една етапа оваа година, но сепак дојде до длабоко посакуваната победа и титула.

Клучна етапа за него беше на 16-ти јануари (Салта-Белен), во која многу работи се искомплицираа. Тој беше еден од двајцата возачи кои следеа позади звучните имиња и не се загубија поради лошата навигација, а со тоа наследи огромна предност откако неговиот ривал Адриен ван Беверен (Yamaha) доживеа опасен пад и мораше да се откаже од релито поради повреда. После тоа Вокнер ја искористи предноста и го заврши релито за 17 минути пред Бенавидес кој победи на последната етапа денес, за да ја забележи неговата единствена етапна победа на Дакар 2018.

Победникот од 2016-тата Тоби Прајс беше за една минута позади Бенавидес на последната етапа и го комплетираше подиумот на 40-тото издание на Дакар оваа година со заостанување од 23 минути пред победникот и тимски колега Вокнер. Нивниот тимски колега Ентоан Мео и приватникот Жерар Фарес ги комплетираа четирите КТМ возачи кои завршија во топ 5-те.

КВАДОВИ


Чилеанецот Игнасио Касале извојува доминантна втора победа на Дакар во категоријата квадови, на 2018-тото издание. Касале кој за прв пат победи во 2014 и кој воедно им се приклучи на браќата Патронели како повеќе кратен победник, помина на целта со предност од 1 час и 39 минути оред најблискиот ривал Николас Кавиглиасо.

Триумфот на Чилеанецот на Дакар оваа година изгледаше безмалку недостижен пред минатогодишниот победник Сергеј Карјакин да доживее незгода од која се здоби со скшеница на ракатапосле што следеше откажување од релито. До седмиот ден Касале беше на еден час од останатите, на кого му требаше само да одвози до целта и да ја подигне наградата во Кордоба.

Тој на последната етапа ја запиша својата петта етапна победа оваа година, додека подиумот на Дакар оваа година го комплетираа дебитантот Кавиглиасо со две етапни победи на втората и Џеремаја Гонзалез на третата позиција.

Check Also

TCR International: Гордон Шеден со TCR деби на сезонското финале во Дубаи

Трикратниот BTCC шампион Гордон Шеден ќе дебитира во TCR шампионатот на финалето во Дубаи Шеден …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *