Sunday , January 21 2018
Home / Latest Articles / Дакар 2018 – ден за одмор: Резултати после првата половина на најтешкото рели на планетата

Дакар 2018 – ден за одмор: Резултати после првата половина на најтешкото рели на планетата

Конечно дојде долго посакуваниот ден за одмор на 40-тото издание на Дакар

„Дакар 2018 има најтежок и најопасен старт откако релито е префрлено во Јужна Америка“ – категорично изјави Г-дин Дакар, Стефан Петерхансел.

„Веројатно ова е најтешкиот Дакар откако сме префрлени во Јужна Америка, особено затоа што песочните дини беа доста меки и комплицирани. И замислете немаше никаква промена. Стартувавме на дини, после што следеа дини, дини, дини и само дини… пет дена дини и песок и секој ден беше се покомплицирано, особено во средата… во средата беше чиста лудост. Јас немам проблем со вакви услови. Се сеќавам на стариот Дакар во Африка. Го сакам таквиот дух на Дакар. Ова ме потсеќа токму на тој прекрасен период. Откако се прселивме во Јужна Америка гледам голем број на WRC брзински испити… не е тоа Дакар. “ – јасен беше Петерхансел.

Кога возач со ваков рејтинг и 13 победи позади себе во класите мотоцикли и автомобили ќе изјави, мораме да го сфатиме буквално. Исто така и Карлос Саинц изјави дека ова е претежок старт на Дакар за почетници бидејќи песочните дини во Перу се екстремно тешки за стартување.

Тоа го покажа и откажувањето на огромен број на звучни имиња, помеѓу кои и Себастиен Леб, кој заглави два пати, загуби околу три часа, за потоа да се откаже поради повреда на грбот на неговиот совозач Даниел Елена.

Во првите три етапи беа откажани дури 43 возачи, а досега бројот е дуплиран. Првата половина од Дакар 2018 заврши со влегувањето во Боливија, а денешниот ден за одмор и тоа како добро ќе им дојде на возачите кои ги издржаа најтешките етапи.

Вака стојат работите во генерален пласман по класи:

Мотоцикли:

Квадови:

Автомобили:

Камиони:

УТВ:

Check Also

Koj Honda Civic Type R e подобар? EP3 против FN2 против Mugen против FK2 против FK8

Во следново видео ќе видите навистина интересна споредба помеѓу сите досегашни Honda Civic Type R. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *