Sunday , January 21 2018
Home / Latest Articles / Дакар 2018, Етапа 6: Мео со победа, Бенавидес со водство во генерален пласман

Дакар 2018, Етапа 6: Мео со победа, Бенавидес со водство во генерален пласман

Ентоан Мео победи на скратената шеста етапа на Дакар 2018 во која го напуштаме Перу со влегување во Боливија

Мео направи предност од половина минута пред второпласираниот, додека Кевин Бенавидес (Honda) стана новиот лидер во генерален пласман.

Поради лошите временски услови првите 119 километри од етапата беа откажани за класата мотоцикли, поточно областа на која се поминува границата на Перу со Боливија.

Мотоциклите започнаа многу блиска борба помеѓу себе возејќи покрај езерото Титикака, а останатите 194 километри беа вистинско надмудрување за победа на последната етапа пред денот за одмор.

Прво Хавиер де Соултреит беше најбрз, за подоцна Тоби Прајс да го поправи времето, а Мео – бившата ендуро звезда да извози најбрзо и да дојде до етапна победа.

Прајс и Бенавидес завршија на втората и третата позиција со идентично време, со Бенавидес кој стана новиот лидер во генерален пласман откако претходниот лидер Адриен ван Беверен кој имаше предност од една минута, во шестата етапа заврши поназад за 3м27с.

Возачот на Yamaha се наоѓа позади Бенавидес за 1м57с кој стана четврти различен лидер на првата половина на Дакар 2018. Вака изгледа поредокот во генерален пласман после шестата етапа:

Check Also

Koj Honda Civic Type R e подобар? EP3 против FN2 против Mugen против FK2 против FK8

Во следново видео ќе видите навистина интересна споредба помеѓу сите досегашни Honda Civic Type R. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *