Tuesday , July 17 2018
Home / Latest Articles / ДАКАР 2018 – Квадови: Минатогодишниот победник Карјакин со скршена рака го напушти релито…

ДАКАР 2018 – Квадови: Минатогодишниот победник Карјакин со скршена рака го напушти релито…

И уште една ѕвезда надвор од Дакар 2018; ова покажува дека дините дефинитивно не простуваат, а Дакар уште помалку…

Одбраната на минатогодишната титула за Карјакин заврши прерано. Сергеј Карјакин кој претставува најголем ривал на Игнасио Касале беше приморан да се повлече од годинешното 40-то издание на Дакар откако доживеа пад и скршеница на раката на 44км во петтата етапа.

Инцидентот на Карјакин го остави Касале во предност во генерален пласман од 40 минути пред Алексис Хернандез. Касале кој ги победи првите три етапи, но на четвртата беше победен од Карјакин, денес ја загуби борбата за петтата етапа од почетникот на Дакар, Николас Кавиглиасо.

26-годишниот аргентинец, шампион на Мерзоуга Дакар серијата во 2017, постави рана предност од шест минути, додека Касале константно се приближуваше, но недоволно за победа. Кавиглиасо извојува етапна победа над Касале со предност од 1м23с.

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *