Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / Дакар 2018: Петерхансел со инцидент на 13 етапа, шансите за подиум невозможни

Дакар 2018: Петерхансел со инцидент на 13 етапа, шансите за подиум невозможни

Во моментов трае 13-тата етапа од Дакар 2018…

Францускиот возач Стефан Петерхансел (Peugeot) кој поголемиот дел од релито се наоѓаше во водство во генерален пласман во категоријата автомобили, прво имаше проблеми со суспензијата поради што загуби доста време. Тие проблеми му ги расипаа плановите за победа оваа година, но не и за утешната награда -подиумот.

Подиумот изгледаше доста сигурен, но после првата половина на денешната 13-та етапа тој имаше инцидент, излетувајќи од линијата на движење после 78 километар од етапата. Автомобилот му е во доста лоша состојба, а тој мораше да почека за помош.

Неговиот тимски колега Сирил Деспре успеа да пристигне најбрзо што можеше за да му асистира во поправка на автомобилот, при што Петерхансел продолжи, но со загубени 36 минути во генерален пласман.

На 97-от километар Петерхансел моментално доцни огромни 46м50с позади Бернхард тен Бринке. Ако растојанието остане исто, Петерхансел може да се збогува и со подиумот оваа година…

Следува репортажа од 13-тата етапа, токму после завршувањето.

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *