Friday , October 18 2019
Home / Latest Articles / Дакар 2018: После 47 часа од релито, Николаев и Kamaz назад во водство за една секунда

Дакар 2018: После 47 часа од релито, Николаев и Kamaz назад во водство за една секунда

Ова е доста неверојатно што се случува во категоријата камиони на Дакар 2018…

После 47 часа Дакар Рели, борбата кај камионите после вчерашната 12-та етапа станува екстремно интересна. Едуард Николаев и KAMAZ се вратија во водство во генерален пласман пред најголемиот ривал аргентинецот Федерико Вилагра, за само една секунда! Како што изгледа Вилагра треба да добие казна од 15 минути поради недозволеното дополнување на гориво на средина од 12-тата етапа, во меѓувреме возејќи со намалена тежина од половина тон:

„Ова е недозволен чекор од страна на Вилагра. Тој дополни гориво на средина од 12-тата етапа, што е недозволено според правилата на Дакар. Тој вози со половина празен резервоар, а тоа е половина тон помала тежина во споредба со другите натпреварувачи. Знаете што значи тоа. Се надеваме дека Вилагра ќе добие казна за ова.“ – изјавија од тимот на KAMAZ.

Во тек е 13-тата етапа, па да видиме каков ќе биде резултатот во најинтересната и најборбена категорија на Дакар оваа година. Главната борба се води токму помеѓу Николаев и Вилагра, додека третопласираниот во генерален пласман  Серхеј Виазович (MAZ), заостанува за огромни 3ч25м.

Моментално Вилагра се наоѓа во опасност од губење на многу време, како и титула оваа година. После направената предност во споредба со Николаев од 1 минута на првата контролна точка, тој веќе 20 минути стои во место на 79-от километар. Ова е голема шанса за Николаев да направи поголема предност за да си ја олесни борбата за титула.

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *