Thursday , January 18 2018
Home / Latest Articles / Дакар 2018, 11 Етапа: Прајс најбрз, Вокнер во опуштено водство

Дакар 2018, 11 Етапа: Прајс најбрз, Вокнер во опуштено водство

Oпуштено кај мотоциклите и квадовите…

Во категоријата мотоцикли Тоби Прајс беше најбрз на 11-тата етапа, доаѓајќи до прва етапна победа годинава и осма во неговата кариера, додека Матиас Вокнер ужива во лидерската позиција во генерален пласман. Прајс водеше на сите контролни точки на 11-тата етапа, завршувајќи со предност од 1м38с пред најблискиот ривал Кевин Бенадивес.

Возачот на КТМ се најде на третата позиција во генерален пласман после откажувањето од Жоан Бареда, уште едно звучно име во категоријата мотоцикли. После освоените 39 минути предност во вторникот, Вокнер можеше да си дозволи петта позиција, останувајќи повторно во предност во генерален пласман со предност од 32 минути пред Кевин Бенавидес.

Кај квадовите, дебитантот Николас Кавиглиасо успеа да запише трета етапна победа оваа година, водејќи на секоја контролна точка од почеток до крај на 11-тата етапа, додека лидерот Игнасио Касале го заврши денот за 15 минути поназад. Оваа етапна победа му овозможи на Кавиглиосо да ја превземе втората позиција во генерален пласман од неговиот сонародник Гонзалез, но се наоѓа за преку час и половина позади Касале.

Генерален пласман кај квадовите:

Check Also

Nissan полета во воздух по СУДИР со Audi R8 !!!

Следново видео, кое што е снимено на новогодишната ноќ, е добар пример дека супер-спортски автомобили …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *