Tuesday , September 22 2020
Home / Latest Articles / Дакар 2018, 13 Етапа: Драматичен пресврт кај камионите! Вилагра е надвор од релито, Николаев поблиску до трета победа на Дакар!

Дакар 2018, 13 Етапа: Драматичен пресврт кај камионите! Вилагра е надвор од релито, Николаев поблиску до трета победа на Дакар!

Драмата помеѓу Вилагра и Николаев заврши, останува русинот да продефилира до целта на последната етапа оваа година…

Возачот на Team De Rоoy Федерико Вилагра, официјално е надвор од релито. Како што пред малку  ве известивме тој застана поради механички проблем, со намера да го реши, но излезе дека тој воопшто не продолжи понатаму. Механичките проблеми се најсурови проблеми кога станува збор за Дакар. Не е важно колку сте подготвени, против механиката не се може.

Вилагра после вчерашната 12 етапа, се најде на една секунда позади Николаев во генерален пласман, со што борбата требаше да биде крајно драматична воопшто во Дакар. Но сега на русинот му останува само да го довози релито без проблеми, напори и притискања, бидејќи моментално сите тимски колеги возат за него.

Николаев моментално вози за трета титула на Дакар и 15-та за тимот на KAMAZ.

Check Also

Вуков: Валелунга е една од најтешките патеки во Италија

Изминатиот викенд на патеката Валелунга во Италија се одржа четвртата рунда од Италијанскиот Порше Карера …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *