Sunday , January 21 2018
Home / Latest Articles / Дакар 2018 3-та етапа – мотоцикли: Сем Сандерленд се врати во водство, Хуан Бареда во проблеми

Дакар 2018 3-та етапа – мотоцикли: Сем Сандерленд се врати во водство, Хуан Бареда во проблеми

Пресврт во третата етапа…

После победата на денешната трета етапа на Дакар 2018, Сем Сандерленд се врати во водство и продолжува да ја брани победата од минатата година, откако Бареда загуби драгоцено време и веќе не се наоѓа во топ 10-те во генерален пласман.

Сандерленд поведе уште на почетокот од третата 296 километарска етапа од Писко до Сен Хуан де Маркона. Но подоцна беше загрозен од неговиот тимски колега Тоби Прајс и возачот на КТМ Пабло Куинтанила.

Прајс беше на чекор од етапна победа, но загуби драгоцени три минути, после што Сандерленд нападна доста жестоко за да ја освои втората етапна победа оваа година.

Оваа етапна победа со предност од 3:03 минути го стави повторно на чело на лидерската позиција пред неговиот најблизок ривал Кевин Бенавидес, со Куинтанила кој падна на петтата позиција позади Прајс и Рики Брабек на денешната етапа, но сепак пред нив во генерален пласман.

Генерален пласман после 3-тата етапа:

 

Check Also

Koj Honda Civic Type R e подобар? EP3 против FN2 против Mugen против FK2 против FK8

Во следново видео ќе видите навистина интересна споредба помеѓу сите досегашни Honda Civic Type R. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *