Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / Дакар 2018 – 5-та Етапа – Мотоцикли: Доминација на Бареда, Ван Беверен сеуште во водство

Дакар 2018 – 5-та Етапа – Мотоцикли: Доминација на Бареда, Ван Беверен сеуште во водство

Возачот на Honda Жоан Бареда успеа да симне 15 минути од заостанувањето од 22 минути од лидерската позиција во генралниот пласман кај мотоциклите, со доминација на 5-тата етапа…

Бареда, кој загуби преку 20 минути на третата етапа и успеа да врати само малку време следниот ден, беше убедливо најбрз на петтата етапа денес во должина од 266 километри, која претставува последна етапа која целосно се вози во Перу.

Со тоа што растојанието помеѓу првиот и вториот во класата беше константно под пет минути во последните четири етапи, Бареда направи предност од 6м42с само до втората контролна точка од шест кои беа дел од петтата етапа.

Тој продолжи да ја зголемува предноста за подоцна да победи со предност од 10м26с пред Матиас Вокнер, кој победи во битката со неколку мотоцикли за втората позиција кој загуби многу време, па затоа предноста во генерален пласман драстично му се намали.

После петтата етапа, состојбата во генерален пласман е доста блиска и изгледа вака:

Check Also

Филип Василевски после Скопски Круг: Победата e послатка со проблеми!

Македонскиот возач Филип Василевски кој е познат по неговата пожртвуваност, успеа да дојде до тешка …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *