Friday , April 20 2018
Home / Latest Articles / Дакар 2018, 7 Етапа (Автомобили): Саинц во водство, Петерхансел во проблеми

Дакар 2018, 7 Етапа (Автомобили): Саинц во водство, Петерхансел во проблеми

После проблемите со автомобилот на Петерхансел, тимскиот колега Карлос Саинц го превзема водството во генерален пласман кај автомобилите

Седмата етапа Ла Паз – Ујуни во должина од 425 километри, возачот на Pеugeot Карлос Саинц ја помина за 4ч49м освојувајќи етапна победа, но и лидерска позиција во генерален пласман откако ситуацијата стана драматична за „Г-дин Дакар“.

Французинот кој водеше за 27 минути во генерален пласман, водеше за три минути пред Саинц на седмата етапа, но налета на камен додека претекнуваше натпреварувач од категоријата мотоцикли.

Автомобилот на Петерхансел претрпе огромна штета на задниот лев дел на суспензијата, поради што остана да чека помош. Неговиот тимски колега Сирил Деспре кој е надвор од борба за победа застана да му помогне околу поправките, за Петерхансел да може да продолжи, но со загуба од преку час и половина.

Конечно после 1ч48м од Саинц, Петрхансел пристигна на целта, со што се најде на третата позиција во генерален пласман, помеѓу Тојотите на Насел Ал-Атија и Жиниел де Вилие. Втор на седмата етапа заврши Де Вилие, додека на третата позиција пристигна Ал-Атија.

Check Also

F1: Ферстапен: Не ми е потребен психолог

Возачот на Red Bull Racing, Макс Ферстапен, вели дека веќе го оставил позади себе Кинеското …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *