Wednesday , February 20 2019
Home / Latest Articles / Дакар 2019 Автомобили: Леб со етапна победа, Ал-Атија со зголемена предност во генерален пласман

Дакар 2019 Автомобили: Леб со етапна победа, Ал-Атија со зголемена предност во генерален пласман

Леб започнува со борба за втората позиција на подиумот…

Себастиен Леб дојде до четвртата етапна победа на Дакар оваа година, но лидерот во генерален пласман Насер Ал Атија успеа да го зголеми водството во генерален пласман на 46 минути.

Имено, Леб постави време од 3ч54м53с кое беше побрз од второпласираниот на денешната осма етапа, Ал Атија за 7м27с. Како трет на целта успеа да пристигне Јакуб Пржигонски со заостанување од 15м16с, додека веднаш зад него со заостанување од само 40с и 15м55с од Леб се најде Жиниел Де Вилие.

За само 2с позади Де Вилие на петтата позиција пристигна Нани Рома, додека топ 10-те ги комплетираа Ал Рајхи на шестата, Прокоп на седмата, Петерхансел на осмата, додека на деветтата и десеттата позиција на осмата етапа пристигнаа Сирил Депре и Карлос Саинц.

Стефан Петерхансел повторно имаше проблеми во дините пришто загуби 24 минути, но и втората позиција во генерален пласман. Со денешната четврта етапна победа за Леб, тој моментално се наоѓа на третата позиција во генерален пласман, за само 21 секунди позади Нани Рома на втората.

Губењето на втората позиција на Петерхансел воедно значи и релативно губење на сите шанси за победа, бидејќи се наоѓа на четвртата позиција со заостанување од 53м30с позади Леб. На петтата позиција со огромно заостанување од 2ч15м27с се наоѓа Сирил Депре.

Check Also

WTCR: Team Mulsanne продолжува на Светската сцена

Team Mulsanne и оваа сезона ќе настапи со два автомобили Alfa Romeo Giulietta TCR во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *