Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Дакар 2019: Во очи на осмата етапа, на прагот се можни големи промени во генерален пласман

Дакар 2019: Во очи на осмата етапа, на прагот се можни големи промени во генерален пласман

Дали и оваа година Дакар ќе биде драматичен до последен момент?

После победата на вчерашната седма етапа од најтешкото рели на планетава, Стефан Петерхансел повторно се враќа на втората позиција во генерален пласман позади константниот лидер Насер Ал Атија (Тојота), благодарение на техничките проблеми на Себастиен Леб.

Леб загуби повеќе од еден час на околу 50км во етапата, санирајќи го проблемот со електрониката, што значи дека 9-кратниот Светски рели шампион полека почнува да се збогува со победата оваа година.

Петерхансел возеше рамо до рамо со Нани Рома низ почетните контролни точки, но потоа Мини багито на Петерхансел некако подобро се движеше од автомобилот со погон на сите тркала на Шпанецот.

Исто така и Петерхансел имаше мала незгода која ги остави потресени со неговиот совозач Давид Кастера, но за кратко тие продолжија понатаму. Имено, станува збор за прескокнување на песочна дина, што не беше проблем, се додека не дојде време за приземјување, кое Петерхансел немајќи друг избор мораше да го изведе удирајќи со предниот дел од автомобилот директно во песокот уништувајќи ја хаубата.

„Слетавме доста незгодно. Ја уништивме хаубата на автомобилот, но исто така и добивме мали повреди во вратот. Можевме да продолжиме, но видно потресени од моментот.“-изјави Петерхансел.

Ал Атија останува во водство во генерален пласман со предност од 29м16с пред Стефан Петерхансел, додека на третата позиција се наоѓа Нани Рома со заостанување од 37м59с. Себастиен Леб и Даниел Елена се наоѓаат на четвртата позиција 54м12с поназад од Ал Атија, додека топ петте во генерален пласман ги заокружи Сирил Депре кој се наоѓа за 1ч20м01с позади лидерот.

Во класата Камиони, Жерар Де Рој продолжува со етапни победи, со тоа што на седмата етапа имаше доминантна победа над конкуренцијата, пристигнувајќи на целта со време од 4ч47м27с што беше за 30м55с подобро од Сергеј Виазович, додека неговиот ривал за титулата Едуард Николаев пристигна со заостанување 34м35с.

После седмата етапа, Николаев (Камаз) сеуште се наоѓа во водство во генерален пласман пред неговиот тимски колега Дмитри Сотников кој заостанува за 32м54с, додека Жерар Де Рој во Ивеко, заостанува за 1ч15м28с на третата позиција. Вилагра и Лопреш се наоѓаат на четвртата и петтата позиција со огромно заостанување од 4ч15м15с и 5ч17м49с.

Момнетално во класата моторцикли се води најголема борба. На седмата етапа возачот на КТМ Сем Сандерленд успеа да дојде до етапна победа пред Корнехо Флоримо на Хонда, додека трет на целта пристигна Рики Брабек. Ван Беверен и Бенавидес завршија како четврти и петти, но во генерален пласман е вистинска драма.

Рики Брабек се наоѓа во водство, додека Тоби Прајс се наоѓа веднаш позади него со заостанување од само 6м55с. Трет е Адриен Ван Беверен со 7м47с поназад пред Сем Сандерленд и Пабло Кинтанила кои заостануваат за 9м58с и 9м59с позади Брабек.

Овие бројки покажуваат дека работите можат да се променат во само една етапа, а токму тоа го прави ова опасно рели крајно интересно.  Во тек е осмата етапа од релито…

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *