Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / Дакар 2019: „Г-дин Дакар“ (Стефан Петерхансел) е надвор од релито…

Дакар 2019: „Г-дин Дакар“ (Стефан Петерхансел) е надвор од релито…

Уште еден показател дека „Дакар не простува“…

13-кратниот Дакар шампион Стефан Петерхансел се повлече од 2019-тото на Дакар Рели на денешната претпоследна деветта етапа откако тој и неговиот совозач претрпеа повреди после инцидентот.

Петерхансел ја стартуваше денешната етапа на четвртата позиција во генерален пласман, но инцидентот се случи веднаш после стартот на 312 километарскиот тест.

Неговиот тимски колега Давид Кастера кој се спои со Петерхансел како замена за неговиот долгогодишен совозач Пол Котре, се здоби со повреда на грбот.

Стефан Петерхансел, Сирил Депре и Карлос Саинц оваа година се натпреваруваат во Мини баги, откако фабричкиот тим на Пежо одлучу да не настапи оваа година на Дакар.

Прераното завршување на Дакар за Петерхансел значи прво откажување за него од 2009-тата година кога за прв пат релито се префрли во Јужна Америка.

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *