Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / Дакар 2019: И покрај откажувањето на Peugeot од Дакар, Леб настапува во 2019

Дакар 2019: И покрај откажувањето на Peugeot од Дакар, Леб настапува во 2019

Деветкратниот WRC шампион Себастиен Леб, најави дека ќе настапи на следното издание на Дакар Рели вo 2019 и покрај повлекувањето на фабричкиот тим.

Сега веќе потврдено, Себастиен Леб ќе настапи со приватен тим позади волан на Peugeot 3008DKR, поддржан од Red Bull.

Леб беше дел од Дакар тимот на Peugeot три години, а водеше во сите три наврати, но удари, излетувања и механички проблеми не му дозволија да дојде до победа минатата година, кога најдобар успех му беше  втората позиција на подиумот.

Неговите бивши тимски колеги Стефан Петерхансел, Карлос Сајнц и Сирил Деспре се префрлија во X-raid, а ќе настапат позади воланите на Mini.

Имено, Леб после годинешното издание на Дакар изјави дека тоа му е последна шанса да победи на Дакар поради повлекувањето на Францускиот фабрички тим, не земајќи во предвид дека може да продложи со приватна програма.

Но тој и неговиот тимски колега Даниел Елена, одлучија да му се приклучат на приватниот тим PH Sport, позади воланот на Peugeot 3008DKR.

„И покрај тоа што сум мотивиран поради победување, забавата е исто така важна. Затоа, учеството на Дакар Рели во 2019 со Даниел како приватни аутсајдери е фантастичен предизвик. Во текот на мојата кариера секогаш сум бил гледан како фаворит и подготвен сум да го оправдам тоа.

Но, како дел од приватен тим ќе биде многу тешко. Очигледно е дека ќе има многу нови автомобили, па затоа не знаеме колку ќе можеме да им парираме. Сепак има многу возачи кои имаат шанси да победат, а едни од тие сме и ние.

Нашиот автомобил е со спецификации од минатата година, но сепак, можеби ќе имаме мала еволуција на моторот кој ќе биде сличен со најновата генерација.“ – изјави Себастиен Леб.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *