Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Дакар 2019: Прва победа за Тојота, трета победа за Насер Ал-Атија

Дакар 2019: Прва победа за Тојота, трета победа за Насер Ал-Атија

Насер Ал-Атија извојува голема победа за Тојота на 2019-тото издание на Дакар, држејќи ја лидерската позиција во текот на целото рели освен на една етапа…

На Ал-Атија ова му е трета победа на Дакар. Претходно во 2011-тата ја освои неговата прва победа позади волан на Волксваген, додека втората победа со Мини ја имаше четири години подоцна. Последните три изданија на Дакар тој е позади волан на Тојота Хилукс со кој ја освои годинешната титула.

Ал-Атија водеше во генерален пласман секој ден освен на вториот кога тимскиот колега на Катарецот, Жиниел Де Вилие, за момент се најде на лидерската позиција, откажувајќи се од релито ден после тоа.

Откако сите негови ривали наидоа на проблеми, неговата предност се зголемуваше баш поради неговата константност. Откако заврши последната етапа, тој ја однесе победата со 46м42с предност пред најблискиот ривала Нани Рома.

На третата позиција на подиумот се искачи Себастиен Леб кој возејќи со неговото приватно Пежо успеа да освои подиум, но сепак, целта беше победа. Тој повеќето етапи ги заврши на четвртата позиција, но проблеми со автомобилот и навигацијата го оставија на речиси два часа поназад од Ал-Атија на крајот.

На четвртата позиција во генерален пласман заврши Јакуб Пржигонски за кого ова е најдобар пласман досега, додека на петтата позиција заврши Сирил Депре. Вистинско изненадување на шестата позиција беше Мартин Прокоп позади воланот на Форд Раптор.

Легендата на Дакар, Стефан Петерхансел не успеа да го заврши релито, налетувајќи на проблеми на претпоследната етапа додека се наоѓаше на четвртата позиција во генерален пласман. Исто како Леб и Петерхансел имаше проблеми во текот на релито кои не му даваа да се најде на највисоката позиција во генерален пласман. Подолу, погледнете го поредокот на топ 10-те:

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *